„Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собере храброст да клекне на колено пред толку многу луѓе на Саемот за венчавки. Во тој момент, јас и моите две сестри бевме дел од ревијата на која мојата сестра Марија ги претстави своите креации и носевме венчаници“, раскажа Моника за романтичното запросување.