Биг Мама славеше роденден: Фрлаше пари на музичарите, дуваше свеќички на црно-сребрена торта
- Детали
- четврток, 29 февруари 2024
Една од најпопуларните водителки кај нас, Биг Мама, направи роденденска забава за паметење, но не откри колку години полни...
Пејачката и водителка Биг Мама вчеравечер (28.02) направи одлична забава за роденденот. Таа прослави со пријателите во познат скопски хотел.
Играше и пееше до доцна во ноќта, а во видеата што ги објави на Инстаграм Стори може да се види дека во еден момент додека се забавува, на музичарите им фрла пари.
Иако не ги откри годините, Биг Мама дуваше свеќички на роденденската торта која беше на три ката, во црно-сребрена боја.
За забавата, пак, избра краток виолетов фустан со сребрени детали.
„Нека ми е среќен роденденот“, напиша таа на Инстаграм.
Меѓу гостите беше и Лила Филиповска, која е долгогодишна пријателка на Биг Мама, а со која во последнава година често оди на патувања.
„Денеска е убав ден, на Биги ѝ е роденден“, напиша Лила, која на забавата дојде со својот син Филип.
А. Ј. | Црнобело