Сергеј Варошлија и во Виена привлекува внимание со стилот: Сребрен корсет од македонски дизајнер за посетата на палатата Белведере
- Детали
- вторник, 27 февруари 2024
„Фотографот Матео го запознав случајно во палатата Белведере, додека гледав едно од најспектакуларните уметнички дела во светот. Беше инспириран, па ме фотографираше. Претпоставувам дека мислеше оти и јас сум уметничко дело“, напиша Сергеј Варошлија на Инстаграм за новите фотки на кои позира во уникатна комбинација.
Водителот и моден критичар Сергеј Варошлија неодамна беше во Виена, а како и секогаш, привлече внимание со својот внимателно избран аутфит.
Овој пат, Сергеј на Инстаграм објави неколку фотки од посетата на палатата Белведере.
Тој издоминира во сребрен корсет од македонскиот моден дизајнер Занов, а кој го носеше во комбинација со ролка, накит од бисери и црн костум.
„Ти благодарам Матео Гентили за фотките. Матео го запознав случајно додека се шетав низ палатата Белведере, додека гледав едно од најспектакуларните уметнички дела во светот.
Матео беше инспириран, па ме фотографираше. Претпоставувам дека мислеше дека и јас сум уметничко дело“, напиша Сергеј на Инстаграм.
Тој објави фотографии и од неколку уметнички дела, но и од внатрешноста на самата палата, која изгледа воодушевувачки.