Браво! Ѓурчин од Скопје ја донира својата долга коса за децата болни од рак (видео)

„Не треба да си голем за да покажеш големо срце. Ѓурчин ја донира својата коса за да помогне на дечињата кои се борат со лошата болест“, напиша Гоце Тодевски, кој ја потстрижа долгата коса на момчето од Скопје.

bravo-gjurchin-od-skopje-ja-donirashe-svojata-dolga-kosa-za-decata-bolni-od-rak-video-01_copy.jpg

Нашиот познат фризер Гоце Тодевски на својот профил на Инстаграм објави видео кое ги топи срцата. Тој ја потстрижа долгата коса на Ѓурчин од Скопје, момче кое ја растеше неколку години, за да ја донира за изработка на перики на деца кои боледуваат од рак.

„Не треба да си голем за да покажеш големо срце. Ѓурчин ја донира својата коса за да помогне на дечињата кои се борат со лошата болест.

Браво Ѓурчин, светот ќе е подобро место за живеење ако постојат повеќе луѓе како тебе“, напиша Гоце.

bravo-gjurchin-od-skopje-ja-donirashe-svojata-dolga-kosa-za-decata-bolni-od-rak-video-02.jpg

Тој го покажа целиот процес на потстрижување на долгата коса на Ѓурчин, но и неговата нова, модерна фризура откако веќе нема опавче.

Тодевски за CRNOBELO.com вели дека во својот салон „Студио Стефаниа“ бесплатно ќе ги потстрижи сите што сакаат да донираат коса за изработка на перики.

bravo-gjurchin-od-skopje-ja-donirashe-svojata-dolga-kosa-za-decata-bolni-od-rak-video-03.jpg

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Браво! Осамна мурал од Ѓорѓи Колозов во кафуле во близина на Соборна црква Тој нè напушти во 2003 година, но како да беше вчера. Засекогаш ќе ги имаме нају...
Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg