Миа Костова: „Вчера и денес сме собрале околу 450.000 денари за Леонид“
- Детали
- петок, 23 февруари 2024
„Ви благодарам по милионити пат на сите што дониравте и купувавте!“ – Миа Костова со објава на Фејсбук откри дека за само два дена, биле собрани околу 450.000 денари за лекувањето на Леонид во Австрија.
Цела Македонија се крена на нозе за да собере пари за лекувањето во Австрија на младиот Леонид.
Водителката и инфлуенсерка Миа Костова организира огромна дарителска акција преку Инстаграм.
Бројни мали бизниси, компании и поединци ги понудија нивните услуги и продукти, а парите од потрошувачите ги уплаќаат на сметката за донации за Леонид.
Сега, со објава на Фејсбук, Миа откри дека за само два дена биле собрани околу 450.000 денари.
„Вчера и денес сме собрале околу 450.000 денари! Чисто да знаете каква сила сте!
Ви благодарам по милионити пат на сите што дониравте и купувавте!
Најголемата онлајн продавница за донации ќе биде отворена до недела. Имате време да најдете нешто за себе и да донирате за Леонид!“
Миа додава и дека секој кој сака да донира, може да ги погледнете понудите на нејзиниот Инстаграм профил во „хајлајтс“ со наслов Леонид.
Вчера и денес сме собрале околу 450.000 денари! Чисто да знаете каква сила сте! Ви благодарам по милионити пат на сите...
-->Posted by Миа Костова on Friday, February 23, 2024
Спирова С. | Црнобело