Секоја чест! Миа Костова собра преку 250 донации за лекувањето на Леонид за само 5 часа

„Уште немаме увид во продажба, но не можам да ви објаснам колку сум горда на овие хумани луѓе, мали бизниси, разни услуги и нивната несебичност“, вели Миа Костова која организира донаторска акција за да се соберат што е можно повеќе пари за лекувањето на Леонид Индов.

sekoja-chest-mia-kostova-sobra-preku-250-donacii-za-lekuvanjeto-na-leonid-za-samo-5-chasa-01.jpg

Инфлуенсерката Миа Костова денес (22.02) организира хуманитарна акција преку нејзиниот профил на Инстаграм, а парите од собраните донации ги намени за лекувањето на Леонид Индов (19) во Австрија, кој лани се здоби со тешка повреда на три пршлена додека со другарите беше на летување во Грција.

Откако таткото на Леонид пред неколку дена кажа дека државата не одобрила 140.000 евра, пари за лекување на неговиот син, во јавноста почна масовно да се споделува број за донации, за да се соберат средствата и да му се помогне на семејството, бидејќи 19-годишното момче е веќе во Австрија.

sekoja-chest-mia-kostova-sobra-preku-250-donacii-za-lekuvanjeto-na-leonid-za-samo-5-chasa-03.jpg

Почнаа да се организираат и концерти, другарите на Леонид продаваат маици и дуксери со специјален дизајн, се организираат и базари, а сè со цел што побрзо да се соберат средствата.

Меѓу оние што се вклучија во акцијата е и инфлуенсерката Миа Костова.

sekoja-chest-mia-kostova-sobra-preku-250-donacii-za-lekuvanjeto-na-leonid-za-samo-5-chasa-02.jpg

Таа на својот Инстаграм профил објави повик до сите мали бизниси, компании и поединци, кои се подготвени да дадат некаков производ или услуга како донација, а парите да ги уплатат на сметката за лекување на Леонид, да ја контактираат, па таа ќе ги објави нивните понуди кај себе.

Миа вели дека акцијата засега тече одлично и има огромен одзив, а на нејзиниот профил се стигнати околу 250 донаци за само 5 часа.

sekoja-chest-mia-kostova-sobra-preku-250-donacii-za-lekuvanjeto-na-leonid-za-samo-5-chasa-012.jpg

„Уште немаме увид во продажба, но не можам да ви објаснам колку сум горда на овие хумани луѓе, мали бизниси, разни услуги и нивната несебичност!

Прекрасни сте, далеку сме од вкупната потребна сума, ама и ова што ќе се собере за 2 дена, немаше да се собере никако поинаку.

Фала ви и на трпението, одвај успевам да отворам сѐ, блокирана сум за тагови, ќе ве споделувам цел ден.

Сѐ она што поминува како понуда барајте го во хајлајтс на профил под име ‘Леонид’. Ви се поклонувам на сите до еден“, напиша таа на Фејсбук.

Меѓу оние кои донираат преку профилот на Миа се и мали бизниси за производство на храна, облека, поединци кои нудат услуги како шминкање, фризури, масажи и маникири, но и познати дизајнери, компании за накит, туристички агенции.

Денес на профилот на Миа има буквално за сите по нешто, а инфлуенсерката најави и дека ќе ја објави сумата што ја собрале откако ќе заврши целата донаторска акција.

https://www.facebook.com/mia.kostova/posts/pfbid02uRB1mqv3Wd8kdX9rSq82sz33rKYmVLJmFsRZh5Q2dAFNVEhiRV3cwwBC1ewYH7MJl

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Горда на родителите - Лина Пејовска (22) му ја пее „Заветна“ на уво на таткo ѝ на семејна прослава Лина со нејзиниот татко Ефто се прегрнува и во еден миг и пеат заедно. Видео со ...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Миа Костова со моќна порака до сите мајки: „Материјалното не го воспитува детето – му требате вие!“ „Нека не ве фрустрира ако немате сè она што го гледате на Инстаграм или на ТикТо...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg