Перо Антиќ со ретро фотографии за роденденот на најстариот син: „Ќелавиот те сака најмногу на цел свет“
- Детали
- понеделник, 26 февруари 2024
Лука, најстариот син на нашата кошаркарска легенда Перо Антиќ, наполни 17 години. По тој повод, кошаркарот сподели неколку ретро фотки со него.
Перо Антиќ, претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, откри дека неговиот најстар син денес (26.02) слави роденден.
Лука полни 17 години, а неговиот роденден Перо го одбележа со неколку фотографии, од времето кога тој бил мало дете, до денес.
„Среќен роденден Лука Антиќ. Тато те сака поради момчето што си, мажот што ќе станеш и прекрасниот син што ќе бидеш секогаш. Се гордеам со тебе“, напиша Перо.
Тој објави заедничка фотка и на Инстаграм Стори, па вели:
„Те сака ќелавиот најмногу на свет“.
Лука е најстариот син на нашата кошаркарска легенда. Тој од бракот со Ружица Максимовска, со која се разведе по 13 години брак во 2019-та, ги има и синовите Павел и Петар.
Некогашниот кошаркар постојано објавува фотки со децата и не крие колку е близок со нив и колку многу ги сака, но и како го поминуваат времето кога се заедно.
А. Ј. | Црнобело