Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 години да станам тоа што сум денес“

„Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи тоа што сум денес“ – вели Андреа Кидд, Македонка која повеќе од 12 години работи како фитнес тренер во Дубаи. Таа накратко се обиде да ги сумира сите предизвици со коишто се соочила за да успее повторно да изгради спортска кариера, иако двапати морала да се откаже.

andrea-kid-makedonski-fitnes-trener-stanav-majka-pa-se-otkazhav-od-sportot-i-se-zanemariv-mi-trebaa-10-godini-za-da-stanam-toa-shto-sum-denes-01.jpg

Андреа Кидд (37) е Македонка која повеќе од 12 години живее и работи како фитнес тренер во Дубаи.

На својот Инстаграм профил таа редовно споделува совети за здрав живот и вежбање, а во последната објава се сконцентрира на последните 10 години од нејзиниот живот и предизвиците со коишто сама се борела.

andrea-kid-makedonski-fitnes-trener-stanav-majka-pa-se-otkazhav-od-sportot-i-se-zanemariv-mi-trebaa-10-godini-za-da-stanam-toa-shto-sum-denes-02.jpg

Од откажувањето од тениската кариера, преку депресијата и борбата за повторно да ја започне својата спортска кариера, Андреа поминала долг и трнлив пат, а се обиде во една кратка објава да ги сумира сите препреки со коишто се соочила.

„Го добив првото дете и престанав да давам часови по тенис. Во првите 8 месеци синот имаше колики (грчеви) и плачеше по 10 часа дневно и воопшто не се грижев за себе, по што западнав во депресија.

Знаев дека морам повторно да бидам физички активна, но не можев да се занимавам со тенис. Почнав... Но, немав поим што правам, немав тренер, немав структура, попатно учев што да правам.

Се срамев да побарам помош и учев сѐ што знаев од Јутјуб. Стасав до одредено ниво што ми беше само почетокот.

andrea-kid-makedonski-fitnes-trener-stanav-majka-pa-se-otkazhav-od-sportot-i-se-zanemariv-mi-trebaa-10-godini-za-da-stanam-toa-shto-sum-denes-03.jpg

Луѓето ме прашуваа зошто не се натпреварувам (во бодибилдинг), што тогаш ми звучеше како луда и невозможна идеја, а го добив и второто дете. Но, бев по малку и љубопитна.

За првпат отидов на натпревар и се вљубив во процесот на учење, структура, дисциплина, посветеност, напорна работа, да станам посилна, посамоуверена...

andrea-kid-makedonski-fitnes-trener-stanav-majka-pa-se-otkazhav-od-sportot-i-se-zanemariv-mi-trebaa-10-godini-za-da-stanam-toa-shto-sum-denes-05.jpg

Тоа пак бев јас како дете спортист. Сфатив дека не требало воопшто да се откажам и дека добив уште една шанса да го следам својот сон за да станам успешен спортист. Четири години постојано бев фокусирана еден ден да застанам на сцената во Olympia, но не успеав.

Имав подготовки за кои платив скапо, со сопственото здравје и знаев дека е време да го затворам тоа поглавје во сопствениот живот.

Повторно се чувствував безвредно затоа што се откажав, но беше вистинското време да вложам најсилни напори во сопствениот живот. Затоа денес сум тренер што има интерес да ви помогне да бидете подобри“ – вели таа во својата објава.

andrea-kid-makedonski-fitnes-trener-stanav-majka-pa-se-otkazhav-od-sportot-i-se-zanemariv-mi-trebaa-10-godini-za-da-stanam-toa-shto-sum-denes-04.jpg

Андреа вели дека сѐ што ѝ се случило во изминатите 10 години ја направило тоа што е денес.

„Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи тоа што сум денес“ – вели таа.

andrea-kid-makedonski-fitnes-trener-stanav-majka-pa-se-otkazhav-od-sportot-i-se-zanemariv-mi-trebaa-10-godini-za-da-stanam-toa-shto-sum-denes-06.jpg

Погледнете повеќе нејзини фотографии во продолжение:

andrea-kid-makedonski-fitnes-trener-stanav-majka-pa-se-otkazhav-od-sportot-i-se-zanemariv-mi-trebaa-10-godini-za-da-stanam-toa-shto-sum-denes-09.jpg

andrea-kid-makedonski-fitnes-trener-stanav-majka-pa-se-otkazhav-od-sportot-i-se-zanemariv-mi-trebaa-10-godini-za-da-stanam-toa-shto-sum-denes-10.jpg

andrea-kid-makedonski-fitnes-trener-stanav-majka-pa-se-otkazhav-od-sportot-i-se-zanemariv-mi-trebaa-10-godini-za-da-stanam-toa-shto-sum-denes-08.jpg

andrea-kid-makedonski-fitnes-trener-stanav-majka-pa-se-otkazhav-od-sportot-i-se-zanemariv-mi-trebaa-10-godini-za-da-stanam-toa-shto-sum-denes-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
„Бев на забавата по повод 17-тиот роденден на Бекстејџ - Скопје пулсираше од убава енергија“ На Скопје му беше потребен настан од овој тип! Со црвен тепих, тематска забава, ...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg