Андреа од Скопје, живее во Дубаи 12 години: „Работам како фитнес тренер, имам свој дом тука и прекрасно семејство“

„Безбедноста што ја чувствуваме тука и квалитетот на живот се неверојатни. Секоја година Дубаи станува сè подобро и подобро место за живеење. И да ти е отклучен станот, автомобилот или си заборавил нешто во ресторан, нема потреба да се грижиш. Ме иритира само начинот на возење – треба многу трпение, похаотично е од Европа. Се вози брзо и иако има 6 ленти, не сите почитуваат сообраќајни правила“, раскажува Андреа Кидд (35) од Скопје, која работи како фитнес тренер во Дубаи.

andrea-od-skopje-zhivee-vo-dubai-12-godini-rabotam-kako-fitnes-trener-tuka-imam-svoj-dom-i-prekrasno-semejstvo-01.jpg

Андреа Кидд (35) од Скопје, се преселила во Дубаи по завршување на Архитектонскиот факултет во Скопје во 2010 година, односно живее во Дубаи повеќе од 12 години. Во последните 6 години работи како фитнес тренер и наскоро ќе биде менаџер во еден од најдобрите фитнес центри во Дубаи.

Во Дубаи отишла да работи како тренер по тенис, што ѝ било хонорарна професија во текот на студирањето.

Таа вели: „Тенисот ми беше моја прва спортска љубов уште од 6-годишна возраст. Мојот најголем успех беше да ја претставувам репрезантацијата на Македонија неколку години по ред на Европски натпреварувања, каде што настапуваа Новак Ѓоковиќ, Ана Ивановиќ и низа други познати тенисери.“

За CRNOBELO.com споделува како изгледа животот таму:

Зошто токму Дубаи? Од каде оваа идеја?

Ќе звучи смешно, но отсекогаш имав идеја дека би сакала да живеам во метропола со топло време. Иако во Македонија имаме сонце во текот на целата година, мојата идеја беше бикини клима во текот на целата година.

andrea-od-skopje-zhivee-vo-dubai-12-godini-rabotam-kako-fitnes-trener-tuka-imam-svoj-dom-i-prekrasno-semejstvo-04.jpg

Зошто ти се допадна Дубаи уште на првото стапнување таму?

Дубаи е многу различен од секое друго место кое го имам посетено. За вистински да се заљубиш во Дубаи треба барем една година да се остане тука и вистински да се почувствува што сè има да понуди најголемиот и најнаселен град во Обединетите Арапски Емирати.

andrea-od-skopje-zhivee-vo-dubai-12-godini-rabotam-kako-fitnes-trener-tuka-imam-svoj-dom-i-prekrasno-semejstvo-03.jpg

Како реагираше твоето семејство кога донесе одлука за преселба таму?

Моите родители не беа восхитени од идејата да одам во непозната земја, каде што не знам никого и посебно што мојата одлука беше да останам во спортска професија, наместо да работам како архитект.

Како и да е, сега се многу горди за мојот успех тука, а исто така и што успеав да му помогнам на брат ми да основа успешна кариера во Катар како електро инженер и денес сопственик на своја компанија во Германија.

Не е лесно да се прифати дека сопствените деца сакаат да ја напуштат земјата каде што пораснале, но во исто време е големо олеснување за нив кога не мора да се плашат за својата иднина.

andrea-od-skopje-zhivee-vo-dubai-12-godini-rabotam-kako-fitnes-trener-tuka-imam-svoj-dom-i-prekrasno-semejstvo-02.jpg

Успеавме и двајцата засега да поседуваме сопствен дом во земјите каде што живееме (се надевам во иднина на повеќе вложувања во недвижнини), да имаме преубави фамилии и дечиња, да се развиваме на професионално ниво и се надевам на уште многу убави моменти, нели велат „само небото е граница“.

andrea-od-skopje-zhivee-vo-dubai-12-godini-rabotam-kako-fitnes-trener-tuka-imam-svoj-dom-i-prekrasno-semejstvo-19.jpg

Колку време се патува од Македонија до Дубаи? Ја посетуваш ли Македонија често?

Летот е околу четири часа, што е прилично блиску би рекла. За жал, не ја посетувам Македонија често, наместо тоа моите родители доаѓаат да нè посетат и остануваат неколку месеци, што е попрактично за сите нас.

andrea-od-skopje-zhivee-vo-dubai-12-godini-rabotam-kako-fitnes-trener-tuka-imam-svoj-dom-i-prekrasno-semejstvo-08.jpg

Зошто Дубаи е уникатен град?

Дубаи е дефинитивно најдобар град по мое мислење. Има толку многу да понуди, баш за секој стил на живот, за која било националност, религија, боја на кожа, итн.

Безбедноста што ја чувствуваме тука и квалитетот на живот е тотално неспоредлива. Секоја година станува сè подобро и подобро место за живеење.

andrea-od-skopje-zhivee-vo-dubai-12-godini-rabotam-kako-fitnes-trener-tuka-imam-svoj-dom-i-prekrasno-semejstvo-13.jpg

Ако треба да направиш листа од топ 5 работи што те фасцинираат за Дубаи, тоа би биле:

Квалитет на живот – се работи доста, но стандардот на живот е исто така висок.

Безбедност – и да ти е отворен станот, автомобилот или си заборавил нешто во ресторан, нема потреба да се грижиш.

Одличен школски систем – иако е прескапо школувањето, стандардот е висок и го дозволува тоа.

Плажа – преубави песочни плажи и тиркизно море (најпогодна клима од средина на октомври до средина на април).

И после 12 години, има толку многу работи/места кои ги немам видено/посетено, бидејќи констатно се гради и креира некое ново случување.

andrea-od-skopje-zhivee-vo-dubai-12-godini-rabotam-kako-fitnes-trener-tuka-imam-svoj-dom-i-prekrasno-semejstvo-15.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Антонио Димоски живее на Бали: „Луѓето се многу фини и добри, но сообраќајот е хаос“ Антонио Димоски од Охрид е фриленсер во областа на човечки ресурси и дигитален м...
Стефан од Скопје е фитнес тренер на Тајланд: „Ова е рајот на земјата, но ми фали да сум поблиску до ... „Тајландскиот јазик е претежок за учење, но за среќа повеќето од локалното насел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg