Андреа од Скопје, живее во Дубаи 12 години: „Работам како фитнес тренер, имам свој дом тука и прекрасно семејство“
Си имала ли непријатен миг, некои секојдневни работи кои ти пречат?
Начинот на возење за почеток бара многу трпение, похаотично е од Европа. Се вози брзо и иако има 6 ленти, не сите почитуваат сообраќајни правила.
Какви се локалците кога станува збор за љубовните врски? Какви ставови имаат во поглед на бракот?
Имаат поконзервативен поглед, иако и тоа се менува со новите генерации. Голем дел од помладите генерации се фокусираат на едукација и кариера и се оддалечуваат од идејата на договорен брак. Бидејќи и тие живеат со 80% странци во нивната земја, многу нормално дека ќе прифатат нови ставови и начин на живот.
Какви се локалците кога станува збор за пријателствата?
Би рекла дека се попретпазливи кога станува збор за мешање со нас останатите. Сакаат да бидат поприватни, иако не е невообичаено да имаат пријателство со припадник на која било националност.
Пред да одиме во Дубаи што треба да знаеме?
Дека е одлично место за посета и живеење, но да се има предвид дека стандардот е висок.
Повеќе фотографии од Андреа во Дубаи:
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело