Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска култура

Реномираниот магазин The Times го опиша нашиот главен град како фасцинантно место, со пристапни цени и богата гастрономска понуда. „Ова е совршена дестинација, место што не сте ни свесни дека ви е потребно да го посетите“, пишува во статијата.

skopje-e-sovrshena-proletna-destinacija-spored-the-times-fascinanten-grad-so-bogata-gastronomska-kultura-01.jpg

Ако сакате да си поминете убаво за викенд, на локација која е само на 3 часа со авион од Лондон, посетете го Скопје, стои во препораката на британскиот „The Times“.

Главниот град на Македонија забрзано станува место за фасцинантен, прилично евтин и поинаков краток одмор.

Кафе културата која цвета, големиот број буџи барови (од кои голем дел се специјализирани за македонските вина), блескавите нови молови и безбројните музеи, само го дополнуваат ефектот.

skopje-e-sovrshena-proletna-destinacija-spored-the-times-fascinanten-grad-so-bogata-gastronomska-kultura-06.jpg

Скопје се простира во планинска долина, пресечен на половина со реката Вардар. Поради земјотресите, градот морал да се гради повеќе од еднаш, а тоа придонело да се создаде спој во архитектурата, каде фантастичните вештачки неокласични градби си ги „допираат рамениците“ со градбите во модернистички и бруталистички стил. Тука се и големите статуи кои го делат мислењето на јавноста.

Со векови окупиран од амбициозни империи, Скопје, кој бил дел и од поранешна Југославија, бил витална трговска точка на Балканот.

Денес, градот во кој е родена Мајка Тереза, е калеидоскоп од различни националности, религии и традиции, со минариња кои никнуваат под крстот кој се наоѓа на врвот на планината Водно, пишуваат од The Times.

skopje-e-sovrshena-proletna-destinacija-spored-the-times-fascinanten-grad-so-bogata-gastronomska-kultura-02.jpg

Како да поминете 48 часа во Скопје, според The Times?

Ден 1:

Утро: Градски музеј
Ручек: „Пелистер“
Попладне: Тврдина Кале
Јадете во: „Скопски мерак“
Вечер: Река Вардар/Градски парк
Пијте во: Ракија бар „Калдрма“

Ден 2:

Утро: Кањон Матка
Ручек: Хотел и ресторан „Кањон Матка“
Попладне: Жичница до планината Водно
Пијте во: „Балкан корнер“ во Стара чаршија
Вечер: Национална галерија на Македонија
Вечера: „Соул кичен“

skopje-e-sovrshena-proletna-destinacija-spored-the-times-fascinanten-grad-so-bogata-gastronomska-kultura-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Денес е „Свети Кирил и Методиј“ – Среќен именден Кирил, Кире, Методија, Менде... На 24-ти мај православните христијани го слават празникот Свети Кирил и Методиј....
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg