Дани Димитровска објави ретка фотографија со партнерот додека уживаат во Италија
- Детали
- петок, 01 март 2024
Иако се неколку години во врска, пејачката Дани Димитровска скоро никогаш не споделува фотки со нејзиниот партнер, некогашниот кошаркар Горан Веселиновски.
Пејачката Дани Димитровска е на романтично патување во Италија со нејзиниот партнер, поранешниот кошаркар Горан Веселиновски.
Дани на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии и видеа од патувањето, а на една од нив е и Горан, кој сега е директор на КК „Работнички“.
Иако се неколку години во врска, ова е една од ретките фотки со нејзиниот партнер што пејачката ги сподели јавно.
„Денови како овие“, напиша таа на фотографиите од Бурано, мало гратче во близина на Венеција, познато по шарените куќи и бројните канали, кои привлекуваат туристи од целиот свет.
Парот ја посети и Верона. Оттаму Дани ја поздрави својата пријателка и соработник Весна Малинова.
„Денес Мајли Сајрус ‘вади’ песна иста ко мојата што треба да е следна. Весна Малинова, оооо, ти генијалецу пред времето… што ќе правиме сега?“, напиша таа.
Дани изминатиов период е актуелна со песната „Ќе ме сакаш ли“, која ја промовираше кон крајот на јануари 2024.
А. Ј. | Црнобело