„Чизмите им ги обмотав со алуминиумска фолија, шлемот на помалиот е кацига за велосипед надополнет со апликација, а боците со кислород се од шишиња вода, полнети со памук, кои ги поврзува црево од водоводна цевка“ – Анна (29) од Скопје за CRNOBELO.com открива како ја направила уникатната маска за синовите астронаути и за неа, како нивна ѕвезда водилка.