Ја пееше „Македонско девојче“, се расплака на песната за синот – Како помина концертот на Северина во Скопје? (фото+видео)
- Детали
- недела, 31 март 2024
„Скопје, срцево ми е полно колку оваа арена“ – рече Северина на вчерашниот концерт каде цела публика ги пееше во еден глас нејзини хитови, но и „Македонско девојче“.
На 30.03.2024 Северина одржа голем концерт во Скопје, во арената Борис Трајковски, која беше преполна до последно столче и квадратен метар.
Претходно во текот на денот, таа објави фотка од неа, во црвено здолниште и зелени влечки, на плоштадот во Скопје и напиша:
„Добар ден мое драго Скопје и добра вечер ви посакувам во Арената Борис Трајковски... Едвај чекам!“
На концертот, 51-годишната Хрватка изгледаше прекрасно, облечена во кремаст фустан со корсет и светкави, сребрени гаќички кои ѕиркаа под него.
Концерот таа го започна со нејзиниот хит Brad Pitt и стиховите „Ovo će biti dobra noć, predosjećam“, со што навистина предвиде добра ноќ за фановите во публиката.
Сите ги пееја на цел глас нејзините песни од почеток до крај, додека таа танцуваше, но и отмено отпеа неколку песни на барско столче.
Во еден момент, таа се обрати до публиката и рече „Оваа песна ретко ја пеам на концерти, па ќе ми треба ваша помош“ и ја отпеа Rodjeno Moje, песната посветена на нејзиниот син, на која се расплака.
Помеѓу нејзините најпознати песни, таа ја отпеа и „Македонско девојче“ со што ѝ оддаде чест на македонската публика, а отпеа и неколку екс-Ју хитови од Bijelo Dugme, Novi Fosili и сл.
Концертот таа го заврши со летниот хит Italiana и се заблагодари пред полната сала: „Скопје, срцево ми е полно како оваа арена“.
Погледнете неколку видеа од концерот:
М. М. | Црнобело
Фото: А. Ј. / Д. П. | Црнобело