Антониа како Фиона од Shrek, Калтрина е крвава невеста - Познатите Македонци се маскираа за 1-ви април
- Детали
- вторник, 02 април 2024
Од ликови од цртаните, до секси вештерки... Како се маскираа некои од нашите јавни личности за 1-ви април?
Денот на шегата, 1-ви април, ја разбуди креативноста кај родителите, па своите деца ги маскираа во уникатни и интересни маски.
Но, овој пат ги поттикна и возрасните да се маскираат и да отидат на првоаприлска забава.
Иако во минатото на 1-ви април кафулињата и клубовите беа преплавени со маскирани луѓе и можеше да се види сè - од цветови, преку гангстери, свирачи, невести и младоженци, пештерски луѓе и слично, денес скоро и да нема место каде што се организира првоаприлска забава.
Но, тоа не ги спречи Македонците да се маскираат и да ги покажат своите креации на Инстаграм:
Па, така, Антониа Гиговска и шминкерот Даниел Николовски се маскираа во Фиона и Шрек. Маските им ги направи уметникот Бојан Ковски, познат по тоа што црта по тело.
Професорката и инфлуенсерка Калтрина и фотографот Стефан Соколовски беа маскирани во крвави невеста и младоженец.