Тие им се најголема поддршка - Како изгледаат сопругите на македонските пејачи?
- Детали
- понеделник, 01 јануари 2024
Јоце Панов и неговата избраничка биле во врска 10 години пред да стапат во брак, Таско се ожени и стана татко во иста година, а Ѓоко Јовиќ и неговата сакана се родители на 4 деца.
Велат зад успешен маж, стои успешна жена, а македонските пејачи кои се во брак се доказ за тоа.
Некои од нив биле долги години во врска со своите партнерки пред да запловат во брачните води, а некои за кратко време сфатиле дека таа е вистинската.
На сцена вистински професионалци, а дома грижливи и посветени.
Ова се сопругите на македонските пејачи од поп и фолк естрадата:
Марко Маринковиќ - Слаткаристика
Познатиот македонски рапер Марко Слаткаристика и неговата сопруга, некогашната манекенка Сања Николиќ, судбоносното „да“ го изговорија во 2014 година.
Шест години подоцна, Сања и Слаткар го добија своето прво дете, синот Моша.
Давид Темелков
Пејачот Давид Темелков и неговата сопруга, хрватската водителка и придружничка на Мис Хрватска, Елена Јунг, во брачните води запловија ова лето.
Давид и Елена се венчаа во црквата „Светa Богородица“ во Скопје, а свадбената церемонија се одржа во еден од скопските ресторани.
Јоце Панов
Пред да се венчаат, Јоце Панов и неговата сопруга Марина беа 10 години во врска.
Во 2018 стапија во брак, а следната година го добија своето прво дете, синот Лука.
Александар Белов
Во 2019 година, Александар Белов и неговата сопруга, Србинката Јелена Станковиќ, се заколнаа на вечна љубов.
Во 2022-ра Александар и Јелена станаа родители на ќеркичката Мина.
Продолжува на следната страница
Би можело да ве интересира:





