Џамбазов, Мајка Тереза - Кои познати Македонци добија мурали низ земјава?
- Детали
- четврток, 28 март 2024
Во 2022 година во Куманово беше нацртан мурал на голманот на фудбалската репрезентација, Столе Димитриевски. Тоа е само еден од многуте мурали кои познатите Македонци ги добија низ земјава...
Муралите се само една форма на уметност со која им се изразува почит на познатите личности, живи или починати.
Многу светски и регионални ѕвезди имаат мурали со нивниот лик, а кога ќе поминат покрај нив, минувачите најчесто си споменуваат за нивните дела и постигнувања, им го изговараат името, раскажуваат приказни, па напамет ќе им падне и некоја нивна песна...
Од голманот Столе Димитриевски, до Мајка Тереза, исклучок не се ни македонските јавни личности.
Кои познати Македонци добија мурали низ земјава?
Писателот и драматург Горан Стефановски има свој мурал во Дебар маало во Скопје.
На само неколку метри од него се наоѓа и муралот на маестро Александар Џамбазов.
Мурал кој привлече големо внимание во 2022 беше и оној на голманот Столе Димитриевски, кој е нацртан во неговото роднo Куманово.
Во Куманово се наоѓа и мурал со ликот на Гоце Делчев.
Легендарната пејачка на изворни и народни песни, Вања Лазарова, доби мурал во Кратово.
Во Градскиот парк во Скопје, на Школка, од неодамна се наоѓа мурал со ликот на Мајка Тереза.
И Блаже Конески има свој мурал во Скопје, изработен во 2021, во чест на 100-годишнината од неговото раѓање.
Уметницата Дијана Колонџоска заедно со своите ученици направи мурал во Демир Хисар посветен на Петре М. Андреевски.
А. Ј. | Црнобело