„Племето наше е Пиреј“ - Наставничка од Демир Хисар со своите ученици изработи мурал посветен на Петре М. Андреевски
- Детали
- четврток, 29 септември 2022
„Племето наше е ПИРЕЈ и не го ништи ниту една војска“, „Кога ја љубев Дениција како да учествував во создавањето на македонската држава“ – уметницата Дијана Колонџоска заедно со своите ученици направи мурал во Демир Хисар посветен на Петре М. Андреевски.
Посебно се радуваме кога ќе видиме како одредени наставници си ја сакаат работата и се вложуваат во креирањето нови и убави проекти низ училиштата во Македонија, а таков е и примерот со наставничката Дијана Колонџоска.
На источната страна на Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар, уметницата Дијана Колонџоска заедно со своите ученици од СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар го завршија муралот посветен на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски.
Муралот е насловен „Те љубам на кирилица“, а е дел од манифестацијата „Цртај на македонски јазик“ поддржан од Министерството за култура.
Покрај портретот на познатиот македонски писател се вметнати и некои од неговите најпознати цитати од неговите романи и поетски творби.
„Племето наше е ПИРЕЈ и не го ништи ниту една војска“, „Кога ја љубев Дениција како да учествував во создавањето на македонската држава“ – се дел од цитатите од познатиот автор што се најдоа на муралот.
Погледнете го видеото од изработката на муралот:
https://www.facebook.com/100063584806133/videos/1289222828489410
Б. С. Б. | Црнобело