Македонската Барби ужива на море во Италија - модно усогласена со жолтите лимони на Позитано
- Детали
- вторник, 09 јули 2024
Македонската Барби се фотографираше модно усогласена со местото каде што замина на одмор. Таа покажа дека кога сте во Позитано, Италија – тогаш сè е во знакот на лимоните.
Долгоногата русокоса убавица Верица Китанова, со години наназад е препознатлива како македонска копија на Барби.
Таа е дипломиран архитект и работи на своја линија на козметички продукти, а летниот одмор годинава го искористи за да ја посети магичната Италија.
Верица на Инстаграм објави повеќе фотки од одморот во Позитано, Италија, а на сите во фокусот е главното овошје што се одгледува на брегот Амалфи – лимоните.
Во фустан со дезен на лимони и летен маникир со лимони, Верица целосно се вклопила во духот на Позитано, кој надалеку е познат по сочните и благи лимони.
Освен по лимоните, Позитано е познат и по големиот број продавници за керамика, а главен детаљ на декорациите е токму ова овошје.
Прочитајте и Долгонога русокоса убавица од Струмица е копија на Барби: „Не ми пречи што ме споредуваат“ (фото)
Погледнете повеќе фотки и видеа од одморот на Верица:
Б. С. Б. | Црнобело