Александра Шијакоска за бракот со Едмонд: „На сите им докажавме дека нашата љубов е посилна од предрасудите“

„Ние дома славиме и Велигден и Бајрам и многу сме среќни затоа што го правиме тоа заедно со семејството“ – рече инфлуенсерката Александра Шијакоска во подкаст, каде накратко зборуваше на темата „мешан брак“.

aleksandra-shijakoska-za-brakot-so-edmond-na-site-im-dokazhavme-deka-nashata-ljubov-e-posilna-od-predrasudite-01.jpg

Нашата позната инфлуенсерка Александра Шијакоска гостуваше во подкастот на битолскиот музичар, водител и новинар Мими Марковски.

aleksandra-shijakoska-za-brakot-so-edmond-na-site-im-dokazhavme-deka-nashata-ljubov-e-posilna-od-predrasudite-02.jpg

Таа се возеше во неговото „југо“, кое е заштитен знак на поткастот што го води и меѓу другото зборуваше на тема „мешан брак“.

aleksandra-shijakoska-za-brakot-so-edmond-na-site-im-dokazhavme-deka-nashata-ljubov-e-posilna-od-predrasudite-03.jpg

Александра минататa година стапи во брак со нејзиниот долгогодишен партнер Едмонд Весели, кој ѝ беше најголема поддршка во тешките мигови од нејзиниот живот, кога се бореше со тумор на мозокот, а сега таа отворено зборува нивните меѓусебни и семејни односи. 

aleksandra-shijakoska-za-brakot-so-edmond-na-site-im-dokazhavme-deka-nashata-ljubov-e-posilna-od-predrasudite-04.jpg

Таа нагласи дека таа е Македонка – христијанка, а нејзиниот партнер е Албанец – муслиман, но иако на почетокот не биле прифатени од никого, сепак успеале да се изборат за својата среќа и љубов.

„Кога бевме помали не бевме прифатени од никој, освен од пријателите. На сите им покажавме и докажавме дека нашата љубов е посилна од било која предрасуда, било која разлика меѓу нас двајца“ – нагласи таа.

aleksandra-shijakoska-za-brakot-so-edmond-na-site-im-dokazhavme-deka-nashata-ljubov-e-posilna-od-predrasudite-05.jpg

Александра рече дека во нивниот дом се слават и Велигден и Бајрам, а дека се многу среќни затоа што го прават сето тоа заедно со семејството.

„Многу добро и сплотено изгледа тоа. Широкото срце прифаќа сѐ. Тој што има големо срце, има простор да почитува и една вера и друга и треба да бидеш човек пред сѐ“ – вели Александра.

aleksandra-shijakoska-za-brakot-so-edmond-na-site-im-dokazhavme-deka-nashata-ljubov-e-posilna-od-predrasudite-06.jpg

Погледнете го видеото во продолжение:

https://www.instagram.com/reel/C4_d3GboVbm/

Прочитајте и Александра Шијакоска за CRNOBELO лексикон: „Свекрва ми ми е идол“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Семејството на прво место“: Елиф Елмас се пресели во Германија, па ги прошета саканите низ Берлин Откако на почетокот на годината потпиша за RB Leipzig и се пресели во Германија,...
Први фотки од свадбата на пејачката Александра Јанева - Невестата носи венчаница со смело деколте, ... Традиционална свадба со трубачи, бела венчаница и букет од бели рози. Пејачката ...
Александра Јанева на меден месец на Малдиви: Плива со ајкули, ужива на плажа со коктели „Се смеам, ама од ражите ми беше повеќе страв“, напиша Александра на Инстаграм, ...
Александра Јанева на роденденско патување во Хрватска со саканиот, кој ја запроси во Париз (фото) „Шо би кажала баба: Напуни 29, флезе у 30-та и 31-вата га закара…“, напиша пејач...
Александра Јанева на момински викенд во Белград: „Ми дојдоа другарки што живеат во САД и Европа, си ... Откако лани во ноември пејачката кажа ДА на патувањето во Париз со своето момче,...
„Бог знае колку им требаше на нашите срца“ – Александра Шијакоска сподели нови фотки од трудничката ... „На сите им покажавме и докажавме дека нашата љубов е посилна од која било предр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg