Александра Јанева на роденденско патување во Хрватска со саканиот, кој ја запроси во Париз (фото)
- Детали
- четврток, 30 мај 2024
„Шо би кажала баба: Напуни 29, флезе у 30-та и 31-вата га закара…“, напиша пејачката Александра Јанева на Инстаграм, која роденденот го прослави во Хрватска.
Пејачката Александра Јанева и нејзиниот свршеник Иван Ангелов, беа на патување во Хрватска. Тие ги посетија Сплит и Дубровник, од каде што објавија неколку фотки и видеа.
Во Дубровник со Иван го посетија стариот град, но и локации на кои се снимаа сцени од култната серија Game of Thrones.
Таму Александра го прослави и својот 29-ти роденден.
„Шо би кажала баба: Напуни 29, флезе у 30-та и 31-вата га закара…“, напиша таа на Инстаграм, па доби бројни роденденски честитки.
За потсетување, Александра и Иван се свршија во ноември 2023, додека беа на романтично патување во Париз.