Александра Јанева за романтичното запросување во Париз: „Иван 7 месеци бирал прстен, ги загубив сите ‘кладби’ со другарките“

„Седнавме спроти Ајфеловата кула со вино во рацете, а мене од немарност ми падна ракавицата во Сена. Не можевме да ја ‘уловиме’ оти до неа стоеше лебед кој не сакаше да го вознемируваме. Кога почнаа да светат сијаличките, го натерав Иван да танцуваме затоа што ми беше убав моментот и тука веќе почувствував дека малку му се тресат нозете“, раскажува пејачката Александра Јанева за CRNOBELO.com за бајковитото запросување во Париз.

aleksandra-janeva-za-romantichnoto-zaprosuvanje-vo-pariz-ivan-7-meseci-biral-prsten-gi-zagubiv-site-kladbi-so-drugarkite-01.jpg

Пејачката Александра Јанева (28) и нејзиниот дечко Иван, се свршија во Париз на 11 ноември, датум кој се смета за еден од најсреќните во годината. Но, на денот на запросувањето, Иван го прослави и својот 29-ти роденден, па парот имаше двојна причина за славење.

Тој ја изненади Александра со прстен во близина на Ајфеловата кула, што го направи самиот момент уште поромантичен и убав.

aleksandra-janeva-za-romantichnoto-zaprosuvanje-vo-pariz-ivan-7-meseci-biral-prsten-gi-zagubiv-site-kladbi-so-drugarkite-02.jpg

Александра дипломирала на Стоматолошкиот факултет во Скопје, но и покрај тоа се занимава само со пеење.

Зад себе има еден албум, многу награди и фестивалски настапи. Нејзиниот дечко, пак, е од Штип и по професија е софтверски инженер.

Во разговор за CRNOBELO.com, Јанева ни откри дека со Иван се сè уште во еден од најромантичните градови и дека уживаат во Париз, но ни ја раскажа и нивната љубовна приказна, која почнала 9 месеци откако се запознале, а и детали за романтичното запросување покрај Ајфеловата кула.

aleksandra-janeva-za-romantichnoto-zaprosuvanje-vo-pariz-ivan-7-meseci-biral-prsten-gi-zagubiv-site-kladbi-so-drugarkite-04.jpg

„Во врска сме 3 години и 2 месеца, а се запознавме на роденденска прослава преку заеднички пријател. Иван се дружи со сопругот на моја другарка од Струмица и така го запознав.

Инаку, родителите на Иван се струмичани и тој има многу роднини и другари таму и многу често го посетува мојот роден град. Уште веднаш Иван ‘даваше сигнали’, а јас глумев резервирана затоа што не го познавав воопшто.

Официјално, првиот состанок го имавме 8-9 месеци подоцна, кога Иван ненамерно ми испрати слика во порака на Инстаграм.

Со мала доза на неверување се смеевме околу тоа како од сите следбеници, баш мене ми испратил нешто сосема случајно.

aleksandra-janeva-za-romantichnoto-zaprosuvanje-vo-pariz-ivan-7-meseci-biral-prsten-gi-zagubiv-site-kladbi-so-drugarkite-15.jpg

Сликата всушност беше празна чинија од кинеско пилешко во слатко-луто-кисел сос, што е едно од моите омилени јадења.

Тоа дополнително ме испровоцира да му вратам, иако морам да признам дека веќе сакав да го запознаам дечкото што ненормално многу ми се допаѓаше физички.

Виртуелниот муабет си течеше опуштено, како да сме се познавале отсекогаш и така продолжи и на првиот состанок.

aleksandra-janeva-za-romantichnoto-zaprosuvanje-vo-pariz-ivan-7-meseci-biral-prsten-gi-zagubiv-site-kladbi-so-drugarkite-03.jpg

Во однос на запросувањето, изгубив многу ‘кладби’, односно, сите мои другарки се обложија со мене дека ќе се вратам со прстен од ова патување, а јас тврдев дека тоа нема да се случи сега.

Ние двајца живееме заедно веќе две години и не е дека не очекував, знаев дека кај и да е, до крај на годината ќе ме побара за сопруга.

Но, мислев дека поради притисоците и обложувањата од сите страни, ќе му се сруши филмот и нема да се случи сега.

aleksandra-janeva-za-romantichnoto-zaprosuvanje-vo-pariz-ivan-7-meseci-biral-prsten-gi-zagubiv-site-kladbi-so-drugarkite-06.jpg

Сепак, мило ми е што тоа го направи во Париз, неговото омилено место, каде што отсекогаш замислувал дека ќе ја запроси својата девојка.

aleksandra-janeva-za-romantichnoto-zaprosuvanje-vo-pariz-ivan-7-meseci-biral-prsten-gi-zagubiv-site-kladbi-so-drugarkite-10.jpg

За брак сме разговарале многупати.

Периодов ни се омажија и оженија многу другарки, другари и роднини, и некако природно се наметна како тема на разговор и кај нас дома - кога би сакале и кога би биле спремни и двајцата.

Иван е човек кој однапред планира скоро сè и затоа ужива да го ‘опипа’ теренот одвреме-навреме.

aleksandra-janeva-za-romantichnoto-zaprosuvanje-vo-pariz-ivan-7-meseci-biral-prsten-gi-zagubiv-site-kladbi-so-drugarkite-08.jpg

Што се однесува до самото запросување, откако ни заврши дневната тура на Ајфелова кула, прошетавме малку наоколу и сакавме да почекаме и да ја видиме како блеска и светка ноќе.

Затоа се спуштивме на кејот покрај Сена, на место од каде што многу убаво и целосно се гледа. Беше околу 18:30 часот, а ние сè уште немавме убаво заедничко видео како честитка за неговиот роденден кое јас би го објавила на социјалните мрежи.

Па, го замолив да направиме видео дури сме таму на кејот, од нас со кулата во позадина.

Но, за да биде поромантично, мораше да почекаме да почнат да трепкаат светлата на Ајфеловата кула, а тоа се случува на почетокот од секој час и трае пет минути.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg