Александра Јанева за романтичното запросување во Париз: „Иван 7 месеци бирал прстен, ги загубив сите ‘кладби’ со другарките“
Па така, седнавме и чекавме со вино во рацете, уживајќи во смирувачките звуци од течението на мирната река и си разговаравме за убави работи.
Мене од немарност ми падна ракавицата во Сена и не можевме да ја ‘уловиме’ затоа што баш до неа стоеше еден лебед кој не сакаше да биде вознемируван, па со смеење ја гледавме како плови кон длабокото.
И најпосле дојде 19 часот, а ние застанавме еден до друг.
Го натерав да танцуваме затоа што ми беше убав моментот и тука веќе почувствував дека на Иван малку му се тресат нозете.
Затоа не чекаше многу, само ми кажа дека е многу среќен и сака да го направам најсреќниот човек на светот, клекна пред мене и ме праша дали ќе му бидам жена.
Отпосле кога разговаравме ми кажа дека планирал да ме запроси подоцна во текот на вечерта, кога требаше да бидеме на крстарење по Сена, но моментот со светкањето на кулата му бил посебно убав и интимен и затоа го направил тоа тогаш и таму.
Додека бевме на крстарење по Сена, истурија шампањско врз мене, па на крајот Иван ми рече: „Мило ми е што не те запросив тука“.
Иако знаев многу одамна дека овој момент ќе дојде, сепак кога гласно кажав ДА, гласот ми беше необичен, растреперен. Бев возбудена и срцето ми лупаше.
Прстенот ми е комотен и ќе треба да го скратиме минимално, но така го посоветувале да постапи вработените во продавницата од каде што го купил - да биде покомотен, за потоа, ако прифатам и ми се допаѓа, да го приспособат за мојот прст.
Го бирал седум месеци и веќе се шегуваме околу тоа дека се спријателил со сите вработени кои несебично го советувале околу изборот.
Неколкупати бил да бира и со најдобриот другар, но повеќето пати бил сам.
Со оглед на тоа што процесот на барање прстен траел 7 месеци, можете да замислите колку овој момент му значел.
Јас почувствував дека е под стрес две недели пред да одиме на патување, но во тој период паралелно и на работа имаше многу обврски, па некако си мислев дека е поврзано со тоа.
Обично е тивок и потиштен кога се случуваат вакви големи работи за него.
Сега кога разговараме, ми потврдува дека голем дел од стресот бил и самиот чин, покрај работните обврски.
Трема имаше на самиот чин, но не премногу. Повеќе беше возбуда од среќа.
За запросувањето најпрво им кажавме на родителите, на мојот брат и на неговата сестра.
Потоа следуваше блиската фамилија, другарките, другарите. Најмногу ни се израдуваа фамилиите.
Дури го пишувам ова, ние сè уште сме во Париз и го уживаме секој преостанат момент од патувањето кое ја одбележа нашата љубов, па во моментов не се оптоваруваме со планови за свадба.
Ќе правиме сигурно, но за тоа - потоа“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело