Александра Јанева на момински викенд во Белград: „Ми дојдоа другарки што живеат во САД и Европа, си поминавме преубаво“
- Детали
- вторник, 06 август 2024
Откако лани во ноември пејачката кажа ДА на патувањето во Париз со своето момче, сега ја подготвува свадбата. Но пред да го облече невестинскиот фустан, таа беше на момински викенд во Белград.
Пејачката Александра Јанева кон средината на август ќе прави свадба со своето долгогодишно момче Иван. Во екот на подготовките за големиот ден, таа со 7 свои другарки помина незаборавен момински викенд во Белград.
Таа имаше специјално подготвени алки со бисери за сите девојки, а на забавите беше облечена во бело - од кратки фустанчиња, преку бели бикини до бели панталони...
Девојките, пак, кои дојдоа од различни држави на Европа и САД, се забавуваа на базен, во ноќни клубови, на сплав и создадоа спомени за кои ќе раскажуваат и во иднина.
За својата моминска забава во српската метропола, Александра раскажа за CRNOBELO.com:
„Одбравме два дена за да одиме на викенд во Белград. Успеав да соберам 8 другарки, од кои 7 патувавме заедно, а едната ни се придружи таму, во Белград.
Локацијата ја одбравме зашто знаеме дека Белград е еден од најпознатите градови на Балканот за журка, патот дотаму не е тежок и ќе ни биде забавно да се опуштиме со луѓе чија музика и култура ги познаваме.
Првата вечер ја поминавме во „Синдикат Гетсби“, на сплав. Вториот ден го почнавме со коктел забава на базен, а вечерта отидовме во ресторанот „Темперамент“ на Караѓорѓева.
Си поминавме најубаво на свет, затоа што сите девојки бевме ептен позитивни, расположени и еуфорични, полни со енергија и среќни што, иако дел од нив живеат во различни земји низ Европа и Америка, успеавме да се организираме и споиме и покрај работните обврски.
Навистина поминавме заеднички викенд за паметење“.
За потсетување, Александра и Иван се свршија во ноември 2023, кога тој ја запроси под светлата на Ајфеловата кула во Париз, на неговиот 29-ти роденден.
Повеќе фотографии:
Прочитајте и Александра Јанева за романтичното запросување во Париз: „Иван 7 месеци бирал прстен, ги загубив сите ‘кладби’ со другарките“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело