Пејачката Александра Јанева кажа ДА пред Ајфеловата кула во Париз: „Нашето време за љубење“

„Сакам кога се смееме заедно и ми пееш раштимани тонови, ама чисти од душа. Кога и двајцата пуштаме солза на тажни филмски сцени, а ти ја криеш низ насмевка, плачко мој најсакан. Кога сакам да сум ти лута, ама не можам и не знам како повеќе од 5 минути“, напиша пејачката на Инстаграм.

pejachkata-aleksandra-janeva-se-svrshi-vo-pariz-i-objavi-fotki-od-romantichnoto-zaprosuvanje-jas-ti-i-nasheto-vreme-za-ljubenje-01.jpg

Пејачката Александра Јанева и нејзиниот долгогодишен дечко, Иван Ангелов, се свршија во Париз. Иван ја побара Александра за сопруга вчеравечер (11.11) во близина на Ајфеловата кула.

Александра објави неколку фотки од романтичниот момент на Инстаграм, а го покажа и свршеничкиот прстен што ѝ го дал Иван.

View this post on Instagram

A post shared by Aleksandra Janeva (@aleksandrajanevaofficial)

„Сакам кога се смееме заедно и кога ми пееш раштимани тонови, ама чисти од душа.

Кога и двајцата пуштаме солза на тажни филмски сцени, а ти ја криеш низ насмевка плачко мој најсакан.

Кога сакам да сум ти лута, ама не можам и не знам како повеќе од 5 минути, кога не сакаш да се одлепиш од мене исто колку јас од тебе.

Се појави на вистинско место, во вистинско време. Јас и ти во нашето време за љубење“, напиша Јанева.

pejachkata-aleksandra-janeva-se-svrshi-vo-pariz-i-objavi-fotki-od-romantichnoto-zaprosuvanje-jas-ti-i-nasheto-vreme-za-ljubenje-04.jpg

Пејачката претходно објави фотка од Париз, исто така, направена покрај Ајфеловата кула.

Таа на фотката го одбележа само датумот 11.11, кој според верувањата важи за еден од најсреќните денови во годината.

pejachkata-aleksandra-janeva-se-svrshi-vo-pariz-i-objavi-fotki-od-romantichnoto-zaprosuvanje-jas-ti-i-nasheto-vreme-za-ljubenje-03.jpg

pejachkata-aleksandra-janeva-se-svrshi-vo-pariz-i-objavi-fotki-od-romantichnoto-zaprosuvanje-jas-ti-i-nasheto-vreme-za-ljubenje-02.jpg

pejachkata-aleksandra-janeva-se-svrshi-vo-pariz-i-objavi-fotki-od-romantichnoto-zaprosuvanje-jas-ti-i-nasheto-vreme-za-ljubenje-07.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Инстаграм профилот на Ана од Охрид е како сцена од есенска бајка (фото) „Есента ми е омилена најмногу заради природата, нејзините бои, мирисот на цимет,...
Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...
Панчо му напиша искрено писмо на синот: „Најмногу сакам да станеш фудбалер, но ќе бидам горд и ако с... „Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко. На тоа ме учеше мајка м...
Први фотки од свадбата на пејачката Александра Јанева - Невестата носи венчаница со смело деколте, ... Традиционална свадба со трубачи, бела венчаница и букет од бели рози. Пејачката ...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Александра Јанева на меден месец на Малдиви: Плива со ајкули, ужива на плажа со коктели „Се смеам, ама од ражите ми беше повеќе страв“, напиша Александра на Инстаграм, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg