„Бог знае колку им требаше на нашите срца“ – Александра Шијакоска сподели нови фотки од трудничката фотосесија

„На сите им покажавме и докажавме дека нашата љубов е посилна од која било предрасуда“ – изјави во една пригода инфлуенсерката Александра Шијакоска Весели за нејзината врска со сопругот Едмонд. Таа објави нови фотки од фотосесијата во која во прв план е нејзиното трудничко стомаче.

bog-znae-kolku-im-trebashe-na-nashite-srca-aleksandra-shijakoska-so-nova-trudnichka-fotosesija-01.jpg

Пресреќна заради тоа што е во исчекување на нивниот најнов член во семејството, убавата инфлуенсерка објави нова трудничка фотосесија

View this post on Instagram

bog-znae-kolku-im-trebashe-na-nashite-srca-aleksandra-shijakoska-so-nova-trudnichka-fotosesija-07.jpg

Александра позира на плажа во бела кошула и тесен фустан со влажна коса, а на фотките во прв план е трудничкиот стомак.

„Бог знаеше колку многу им требаш на нашите срца“ – напиша Александра до фотките.

bog-znae-kolku-im-trebashe-na-nashite-srca-aleksandra-shijakoska-so-nova-trudnichka-fotosesija-02.jpg

Инаку, Александра неодамна објави повеќе фотографии на кои се гледа дека иако се од различни вери, во нивното семејство владее почит, па заедно го прославија празникот Бајрам, а дедовците на Александра и на Едмонд беа главни на домашната прослава.

Александра во една пригода даде изјава каде кажа дека во нејзиното семејство подеднакво се слават и христијанските и муслиманските празници.

„Кога бевме помали не бевме прифатени од никој, освен од пријателите.

На сите им покажавме и докажавме дека нашата љубов е посилна од која било предрасуда, која било разлика меѓу нас двајца“ – нагласи таа.

bog-znae-kolku-im-trebashe-na-nashite-srca-aleksandra-shijakoska-so-nova-trudnichka-fotosesija-05.jpg

За потсетување, Александра и Едмонд стапија во брак во јули минатата година, по 12 години врска.

Таа на почетокот на месецов, преку емотивно видео објави дека е бремена со нивното прво дете, а до него накратко напиша:

„Некогаш далечен сон, денес реалност“

Прочитајте и Александра Шијакоска за бракот со Едмонд: „На сите им докажавме дека нашата љубов е посилна од предрасудите“

Погледнете уште неколку фотографии од фотосесијата:

bog-znae-kolku-im-trebashe-na-nashite-srca-aleksandra-shijakoska-so-nova-trudnichka-fotosesija-04.jpg

bog-znae-kolku-im-trebashe-na-nashite-srca-aleksandra-shijakoska-so-nova-trudnichka-fotosesija-06.jpg

bog-znae-kolku-im-trebashe-na-nashite-srca-aleksandra-shijakoska-so-nova-trudnichka-fotosesija-07_copy.jpg

bog-znae-kolku-im-trebashe-na-nashite-srca-aleksandra-shijakoska-so-nova-trudnichka-fotosesija-08.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Први фотки од свадбата на пејачката Александра Јанева - Невестата носи венчаница со смело деколте, ... Традиционална свадба со трубачи, бела венчаница и букет од бели рози. Пејачката ...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Александра Јанева на роденденско патување во Хрватска со саканиот, кој ја запроси во Париз (фото) „Шо би кажала баба: Напуни 29, флезе у 30-та и 31-вата га закара…“, напиша пејач...
Александра Јанева на меден месец на Малдиви: Плива со ајкули, ужива на плажа со коктели „Се смеам, ама од ражите ми беше повеќе страв“, напиша Александра на Инстаграм, ...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg