Александра Шијакоска објави труднички фотки од плажа: „Кога сопругот те слика“
- Детали
- понеделник, 29 јули 2024
„Само ми се јаде и ми се спие“ – се пошегува Александра Шијакоска Весели до фотките од одмор на кои го покажа трудничкото стомаче во бикини, но и како изгледаат нејзините оброци овие денови.
Нашата позната инфлуенсерка Александра Шијакоска Весели ужива на одмор со нејзиниот сопруг Едмонд, а оттаму објави повеќе фотографии на кои во прв план е нејзиното трудничко стомаче.
Александра позира на плажа во монокини и бикини со бела наметка и со наметка со животински принт, кои ги надополнува со модни додатоци кои се вистински хит сезонава.
Александра и Едмонд деновиве уживаат на одмор на Халкидики во Грција, а како што може да се забележи, таа ужива во бременоста.
„Сопругот те фотографира додека си бремена, затоа што си мрзелива и само сакаш да спиеш.
Фотографиите излегоа одлични, но 6-тата од нив му е омилена“ – се пошегува Александра во описот, алудирајќи на фотографијата на која јаде, а на масата околу неа има големо количество храна.
На една од фотографиите прекрасната битолчканка позира со нејзината пријателка Ангела Ѓоргиева, која во истиот период со неа, откри дека е бремена со второ дете.
Инаку, Александра и Ангела неодамна беа на заедничко патување во Хрватска каде присуствуваа на настан организиран за брендот Giorgio Armani.