Александра Шијакоска и Ангела Ѓоргиева – две прекрасни трудници блеснаа на патување во Хрватска (фото)

Двете пријателки, по повод работен ангажман за брендот Giorgio Armani, отпатуваа на Лошињ, од каде објавија прекрасни фотки во бели и беж аутфити – двете блескаат и уживаат во бременоста.

aleksandra-shijakoska-i-angela-gjorgjieva-dve-prekrasni-trudnici-blesnaa-na-patuvanje-vo-hrvatska-foto-01.jpg

Александра Шијакоска и Ангела Ѓоргиева изминатите неколку дена ги поминаа на хрватскиот остров Лошињ, по повод настан организиран за брендот Giorgio Armani.

Двете пријателки, кои неодамна открија дека се бремени, заблескаа во прекрасни аутфити, на кои претежно доминираа светлите бели и беж нијанси. 

Шијакоска блесна во прекрасна бела креација со огромна панделка во пределот на половината, а изгледа прекрасно и во полежерните дневни комбинации кои по малку го истакнуваат нејзиното трудничко стомаче.

Ангела пак, обожава модни аутфити кои го откриваат нејзиното (голо) трудничко стомаче, па направи моден погодок со бела комбинација на здолниште, градник и кратко сако.

За вечерниот настан, таа блесна во полн сјај, во сатенски фустан во златно-бронзена нијанса, а објави и неколку фотки во бикини додека се сонча.

Инаку, Ангела го очекува нејзиното второ дете, а заедно со сопругот и синот Лиам направија прекрасна фотосесија со која ја соопшти втората бременост во мај годинава.

Шијакоска пак, пред неколку дена, објави романтично и емотивно видео со сопругот Едмонд на плажа, во кое открива дека по сите бури, конечно сонот им стана реалност, и го очекуваат првото дете.

На следната страница погледнете повеќе фотографии од двете прекрасни трудници на патувањето во Хрватска... 



Би можело да ве интересира:

Тие им се најголема поддршка - Како изгледаат сопругите на македонските пејачи? Јоце Панов и неговата избраничка биле во врска 10 години пред да стапат во брак,...
Позитива на денот: Пере од „Нокаут“ ја носи ќеркичката во градинка со велосипед на дожд (видео) „Скопско дете накај градинка, се насмевнува на дождот, како да е сончево. Дождот...
На кафе и дневен весник во Sinatra Specialty Coffee: Уникатен локал во срцето на Скопје Ако сакате да го разлистате дневниот весник додека го пиете утринското кафе, как...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Славни и борбени - Самохрани мајки на македонската естрада Некои се разведени, а на некои сопругот им починал, но сите се борбени и храбри....
Пејачи од Македонија чии деца тргнале по нивните стапки Некои од нив се истакнати музичари, а некои од нив допрва ги очекува блескава ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg