Некогаш и сега: Како изгледаат водителите на најпопуларните емисии од 2000-те кај нас?
- Детали
- сабота, 30 март 2024
Ги паметите ли „99 Аction“, „Дај побрзај“, „Кој сака да биде милионер“, „Вртелешка“? Некои од водителите на овие емисии и денес се занимаваат со оваа професија.
За крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите години многумина велат дека е златно време за македонската естрада.
Познатите личности беа вистински ѕвезди, пејачите постојано промовираа нови песни, медиумите работеа со полна пареа.
Телевизијата, радиото и весниците беа единствените медиуми преку кои се пренесуваа информации, а социјални мрежи не постоеја.
Токму затоа јавните музичарите, актерите, спортистите, својата работа ја промовираа во емисиите или преку интервјуа за некој весник или списание.
Имаше програма за сечиј вкус. Помладата генерација ги обожаваше забавните емисии, кои освен за познатите личности, информираа и за актуелните настани низ целата земја.
Па така, и водителите на овие емисии беа вистински големи ѕвезди.
Дали се сеќавате на нив? Погледнете како изгледаа некогаш, а како денес водителите на некои од најпознатите емисии од тој период:
99 Аction
Пред да почнат да се снимаат „Есклузив“ и „Бекстејџ“, емисијата 99 Аction беше една од најпопуларните и најгледани емисии од забавен карактер.
Водители на оваа емисија беа Мартин Трпчевски, Миа Костова и Билјана Максимовска.
Последен ТВ ангажман за Билјана беше емисијата „Брза кујна“, по што заедно со семејството се пресели во Косово.
Мажена е за холандски дипломат Арно, со кој ги имаат ќерките Аделин и Бјанка Мишел.
Последен ТВ-проект на кој работеше Миа Костова беше естрадниот магазин „Бекстејџ“. Денес таа е посветена на инфлуенсерската кариера и многупати изјавила дека тоа е најдобрата одлука што ја направила.
Мартин Трпчески последно работеше на проектот „Фчерашни новости“, а сега работи во полето на маркетингот и скоро целосно е повлечен од естрадниот живот.
Со сопругата Моника имa две деца - синот Миха и ќерката Мартина.
Инаку, Мартин и Миа во декември 2023 повторно „се споија“ и заедно беа водители на концертот 99 Megastars, инспириран од нивната емисија.
„Кој сака да биде милионер“
Светски популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“ во Македонија почна да се емитува во 2004 година. Водител на овој квиз кај нас беше Сашо Мацановски - Трендо.
„Кој сака да биде милионер“ му донесе огромна популарност на Трендо, особено кај женската популација.
Тој ја доби Наградата за најдобар телевизиски водител за 2010 година на Златната бубамара на популарноста.
Оженет е со Зорица Црношија со која ги има синот Мате и ќерката Бела.
фото: Фејсбук
„Дај побрзај“
Емисијата „Дај побрзај“ беше вистинско освежување за гледачите. Водители на ова популарно шоу беа Марко Новески и Јасмина Атанасовска - Мина.
Двајцата бараа случајни минувачи низ центарот на Скопје, кои требаа да прифатат неколку предизвици, а победникот добиваше патување во некоја друга земја, под услов на патување да замине на денот кога се снима емисијата.
За Марко оваа емисија беше отскочна штица, па тој и денес е еден од најбараните и најпопуларни водители кај нас.
Последен ТВ-проект на кој работеше Мина е детската емисија „Пет плус“.
Во 2021-ва година Марко се ожени со својата избраничка Цена Плавевска, а Мина, пак, долги години е заедно со сопругот Митко со кого го има синот Даријан.
фото: Јутјуб Tube / Yутјуб