Симона Поповска го прослави 32-иот роденден: „Ме подмладува секоја насмевка и прегратка од моите момчиња“
- Детали
- четврток, 28 март 2024
„Го прославувам мојот посебен ден со двата најголеми подароци кои животот ми ги подари“ – напиша пејачката и докторка Симона Поповска на фотките со роденденската торта и синовите на кои е горда мајка.
Како и секоја година, така и оваа, пејачката и докторка Симона Поповска, роденденот го одбележа со прекрасен стајлинг и впечатлива торта.
32-иот роденден таа го дочека во кругот на семејството, со нејзиното најголемо богатство – двата сина.
Симона објави фотографии на кои позира покрај прекрасна, розова торта и букет цвеќе, облечена во розов фустан со волуменозни ракави.
Таа дува свеќички заедно со нејзините синови, а ја покажа и слатката честитка која ја добила од синот Никола.
„За најслатката мајка. Среќен роденден! Од Никола“ – пишува на картичката на која е нацртан роденденски мафин со отпечаток на неговото раче.
Во описот на роденденските фотографии на Инстаграм, Симона напиша:
„Го прославувам мојот посебен ден со двата најголеми подароци кои животот ми ги подари.
Додека дувам свеќички за уште една година, благодарна сум за овие моменти, повеќе од кога било.
Да наздравиме за уште една година како нивна мајка и за сите авантури кои доаѓаат со тоа.
Да наздравиме за тоа што сум една година постара, но се чувствувам помладо во срцето со секоја насмевка и прегратка од моите момчиња“.
М. М. | Црнобело