Тамара во секси аутфит позира со дечкото на црвен тепих и направи спектакл на настап во Мадрид
- Детали
- сабота, 30 март 2024
Во секси проѕирно боди и широки фармерки, Тамара Тодевска позираше на црвениот тепих со нејзиниот дечко кој ѝ е поддршка на настапот во Мадрид, каде направи спектакл за евровизиските фанови.
Тамара Тодевска викендов престојува во Мадрид заедно со нејзиниот дечко Лука.
Откако прошетаа низ шпанската престолнина и објавија романтични фотки, Тамара направи незаборавна вечер за евровизските фанови, заедно со останатите евровизиски настапувачи.
Таа пееше на предевровизиска забава, а фановите на цел глас ги пееја нејзините евровизиски хитови „Proud“, со која нè претстави во 2019 и со „Во име на љубовта“ која во 2008 ја пееше заедно со Адријан Гаџа и Врчак.
На настапот, нашата евровизиска дива, како што ја нарекуваа организаторите на настанот, се појави во фармерки, секси, проѕирно боди и кратко сако.
На црвениот тепих таа позираше со нејзиниот дечко Лука, но и со овогодишната евровизиска претставничка на Србија, Теја Дора.
Погледнете неколку видеа од моќниот настап на Тамара во Мадрид:
Прочитајте и Тамара Тодевска и Лука не ја кријат љубовта - Се бакнуваат заљубено, уживаат во Мадрид
М. М. | Црнобело