Тамара Тодевска на викенд со децата во Маврово: Зимски лудории на Хана и Дарен
- Детали
- петок, 08 декември 2023
Тамара Тодевска ужива во Маврово со своите две деца и споделува на Инстаграм како Дарен и Хана се забавуваат на првиот снег оваа сезона.
Пејачката Тамара Тодевска замина на продолжен викенд во Маврово со синот и ќерката и тоа токму во време кога планината е побелена од првиот снег.
На својот профил на Инстаграм пејачката објави неколку фотки и видеа од нивното викенд патување - додека се возат во автомобилот, како го буди Дарен, кој делува како да не сака да стане и ја ѕирка со едно око, Хана на трамбулина со снег...
Но, посебен впечаток остави видеото на кое братот и сестрата скокаат на трамбулина, додека секаде околу нив е снег.
Тамара периодов е активна со своите настапи, па таа одржа неколку клупски концерти низ Скопје.
Но, во јавноста од неодамна таа се појавува и со својот нов дечко, Лука, со кого често објавува фотки и видеа.
Прочитајте и Тамара Тодевска ужива со саканиот Лука на јавање коњи во Галичник - вистинска есенска идила (фото)
А. Ј. | Црнобело