Тамара на летување во Полихроно со децата и саканиот Лука, друштво им прави и Тијана
- Детали
- четврток, 20 јуни 2024
Иако се сместени во Полихроно, Тамара со децата и Лука посетија неколку плажи на првиот крак, а дојдоа и до Сани Бич, каде што друштво им правеше Тијана Дапчевиќ.
Тамара Тодевска е на летување во Полихроно, Грција, со ќерката Хана, синот Дарен и со саканиот Лука Радовиќ.
Со своите следбеници на Инстаграм, пејачката сподели неколку моменти од одморот - прегрната со Лука, Хана која весла на суп даска додека Тамара плива покрај неа, Дарен на плажа...
Иако се сместени во Полихроно, тие посетија неколку плажи на првиот крак на Халкидики, а дојдоа и до Сани Бич, каде што друштво им правеше Тијана Дапчевиќ.
Двете сестри се забавуваа пиејќи коктели во еден од баровите на плажа, а Тамара објави видео од нивната дружба на Инстаграм Стори.
Повеќе фотографии:
А. Ј. | Црнобело