Тамара со љубовна роденденска порака за саканиот: „Ти си мојот почеток и крај“

„Среќен роденден љубов, те сакам до месечината и назад“, напиша Тамара на Инстаграм и му го честита роденденот на својот дечко Лука Радовиќ. 

tamara-so-ljubovna-rodendenska-poraka-za-sakaniot-ti-si-mojot-pochetok-i-kraj-01.jpg

Тамара Тодевска не ја крие љубовта кон својот дечко, архитектот Лука Радовиќ.

Иако постојано споделува заеднички фотографии и видеа, таа сега на Инстаграм објави и неколку фотки од прославата на неговиот роденден во кој јавно му порача дека го сака „до месечината и назад“.

View this post on Instagram

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

„До месечината и назад. Среќен роденден љубов. Ти си мојот почеток и крај. Те сакам“, напиша таа во роденденската честитка до Лука.

tamara-so-ljubovna-rodendenska-poraka-za-sakaniot-ti-si-mojot-pochetok-i-kraj-02.jpg

Лука го славеше роденденот во познат скопски локал со блиски пријатели. Тамара, пак, на Инстаграм Стори објави и како се забавувале, како била декорирана роденденската маса и тортата со сребрени свеќички и порака „Среќен роденден Лука“.

tamara-so-ljubovna-rodendenska-poraka-za-sakaniot-ti-si-mojot-pochetok-i-kraj-04.jpg

Дека се во врска, Тамара и Лукса открија во септември 2023, кога пејачката објави фотки направени на Водно, а на кои го бакнува во образ.

426128310_279630871609618_1405821595397466338_n.jpg

Оттогаш тие постојано одат заедно на патувања, Лука ја поддржува Тамара на нејзините настапи, а поминуваат многу време и со нејзините две деца, ќерката Хана и синот Дарен.

тамара-011.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Тамара Тодевска на викенд со децата во Маврово: Зимски лудории на Хана и Дарен Тамара Тодевска ужива во Маврово со своите две деца и споделува на Инстаграм как...
Тамара Тодевска, Сара Мејс – Познати Македонци чии деца се првачиња овој септември ‘24 „Среќно деца мои“ – напиша Тамара, која заедно со Лука ги испрати на првиот школ...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Тамара на летување во Полихроно со децата и саканиот Лука, друштво им прави и Тијана Иако се сместени во Полихроно, Тамара со децата и Лука посетија неколку плажи на...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg