Павле Камилоски и Ирина Дишовска го кажаа судбоносното „ДА“ - невестата блеска, Павле пресреќен
- Детали
- петок, 24 февруари 2023
Невестата носи бела тесна венчаница со перје, која го истакнува нејзиното трудничко стомаче, додека го игра првиот танц, а Павле зрачи со елеганција во црн костим. Неговата сестра Софка е меѓу највеселите гости, а водителката Миа Костова со фустанот со отсечок кај градите меѓу најсексапилните.
Пејачот Павле Камилоски и планинарката Ирина Дишовска денес (24.02) си ветија љубов до крајот на животот.
Почнувајќи со веселба во домашна атмосфера со музика, па прекрасна црковна церемонија и матично, па до прослава во ресторанот Рагуза.
Сестрата на Павле, кулинарката Софка Камилоска сподели низа фотографии и видеа од свадбата, а истото го направи и другата сестра на Павле.
Меѓу присутните гости се и Миа Костова и Елена Најдоски.
Ирина е прекрасна невеста, нашминкана од вештите раце на Зоран Шурбевски. Таа носи тесна бела креација со перје, која го истакнува нејзиното трудничко стомаче во ресторан, а пред тоа уште една прекрасна бела венчаница.
Павле зрачи со елеганција во црн костим.
Очигледно својот најубав ден тие го минуваат во прекрасна атмосфера, кој може да ја почувствувате преку фотографиите кои нивните сакани ги прикачуваат на Инстаграм стори.
С. С. | Црнобело