Павле Камилоски, Никола Ристановски: Кои Македонци би можеле да го глумат Џејмс Бонд?
- Детали
- недела, 24 март 2024
Направивме листа од 7 наши мажи од различни области (не само актери) за кои веруваме дека со својот изглед наликуваат на Џејмс Бонд и би им легнала оваа улога. Дали се сложувате или има некој друг кој, според вас, би бил подобар македонски Бонд?
Шпекулациите кој ќе биде новиот Џејмс Бонд и ќе го наследи Даниел Крег не стивнуваат со месеци, особено што наскоро треба да се снима нов филм.
А имиња (и потенцијални актери) има многу: Идрис Елба, Арон Тејлор-Џонсон, Тео Џејмс, Реге-Жан Пејџ... дури се шпекулира и дека следниот Бонд ќе биде жена...
Но, кога филмот за најпопуларниот таен агент Џејмс Бонд би се снимал кај нас, кој Македонец би можел да го глуми?
Направивме листа од 7 наши мажи, кои се од различни области (не само актери), за кои веруваме дека би им легнала оваа улога.
Изгледаат одлично во костум, или во луксузни автомобили и веќе ги замисливме како нарачуваат Мартини.
Дали се сложувате со нашиот избор? Или има некој друг кој, според вас, подобро одговара за оваа улога?
Драган Стојчевски, модел и фитнес тренер
Павле Камилоски, пејач
Никола Ристановски, актер
Никола Димитров, политичар
Никола Марковиќ, модел
Бојан Трајковски, доктор
Тони Зен, музичар
А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм, Фејсбук