Нашиот Badstef ѝ направи фотосесија на Анастасија Ражнатовиќ: „Снимањето траеше 12 часа, во тимот имаше 10 луѓе“
- Детали
- вторник, 11 март 2025
„Снимањето беше лани на 4 септември, а траеше 12 часа. Полудевме сите на снимањето“ - вели за CRNOBELO.com нашиот фотограф Badstef, кој ги направи последните објавени фотки на Анастасија Ражнатовиќ.
Српската пејачка Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на Цеца, има нова песна.
Таа е „гостин“ на песната „Тон по тон“ на Елена Китиќ.
Видеото имаше премиера пред неколку дена, а зад промотивните фотографии кои се појавија на социјалните мрежи стои нашиот фотограф Стефан Соколовски, познат како Badstef.
Тој направи фотки и за време на снимањето на видеото, а потоа фотосесија и со Анастасија и Елена.
За CRNOBELO.com, Стефан накратко кажа:
„Снимањето беше лани на 4 септември, а траеше 12 часа. Полудевме сите на снимањето.
Beauty тимот беше од 10 луѓе - шминкери, фризери, стилисти и јас како фотограф. Во филмската екипа имаше 20 луѓе.
Интересно беше, но напорно, искрено. И немаше ништо скандалозно, работно беше скроз“.
Инаку, Стефан нашиот најангажиран фотограф во странство.
Тој неодамна беше на модните недели во Париз и Милано, каде што фотографираше кампањи и ревии за неколку модни дизајнери.
Една од неговите највпечатливи соработки досега е онаа за сликањето каталог за либанскиот дизајнер Ели Сааб.
Погледнете го видеото на Анастасија и Елена за песната „Тон по тон“:
Прочитајте и Македонскиот фотограф Badstef: „Најтешко се работи со личности кои стекнале инстант слава, не трошам над 1.000 евра за облека“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
A. J. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





