Македонецот BadStef ја фотографираше новата кампања на Elie Saab: „Ми беше нереално што работам со него“

„Јас бев единствениот фотограф од Европа и ми беше огромна чест што работам со Ели Сааб, на моменти ми изгледаше нереално. Во бекстејџот беше навистина хаос и стресно - сопругата на Сааб беше таму и помагаше, а и тој самиот правеше финални корекции на некои од моделите“, вели нашиот Стефан Соколовски за CRNOBELO.com.

makedonecot-badstef-ja-fotografirashe-novata-kampanja-na-elie-saab-mi-beshe-nerealno-shto-rabotam-so-nego-01_copy.jpg

Нашиот најуспешен моден фотограф, Стефан Соколовски, или BadStef, неодамна беше ангажиран како еден од официјалните фотографи во новата кампања на светскиот дизајнер Ели Сааб.

Стефан беше единствениот европски фотограф кој беше вклучен во кампањата, а фотографиите за нивниот lookbook ги направи во Париз, додека траеше модната недела во француската престолнина.

View this post on Instagram

A post shared by Stefan Sokolovski (@badstef)

За своето искуство со либанскиот дизајнер и неговиот моден бренд, но и што се случуваше на ревијата и зад кулисите, Стефан раскажа за CRNOBELO.com:

„Јас секоја сезона одам во Милано за модните недели и скоро секогаш директно продолжувам во Париз.

Но, овој пат имав премногу патувања и фотосесии периодот, и навистина бев преморен и ‘претрупан’ со работа, па си реков дека ќе одам само во Милано.

Опцијата за работа со Ели Сааб постоеше, но не беше сигурно, бидејќи неговата ПР агенција не ми потврди ништо.

На 3 дена пред ревијата, неговиот менаџер за комуникации ми испрати мејл со сите детали и информации за нашата прва соработка и тука веќе сфатив дека е официјално.

Во рок од еден час се организирав околу сè и направив и цела агенда за сите ревии на кои ќе одам како гостин, бидејќи секако ќе сум таму во Париз.

Но главниот повод и причина за оваа посета на Париската модна недела, беше Ели Сааб.

makedonecot-badstef-ja-fotografirashe-novata-kampanja-na-elie-saab-mi-beshe-nerealno-shto-rabotam-so-nego-36.jpg

makedonecot-badstef-ja-fotografirashe-novata-kampanja-na-elie-saab-mi-beshe-nerealno-shto-rabotam-so-nego-23.jpg

Целото фотографирање не траеше повеќе од 2 часа, а се случуваше во Palais Tokyo во самиот центар на Париз, веднаш до плоштадот Трокадеро.

Јас бев задолжен да направам најдобри можни фотографии за нивниот lookbook од нивната последна колекција prêt a porter - ready to wear за претстојната сезона пролет/лето 2025.

Имаше цела друга продукција со тим од 15 луѓе кои ја фотографираа официјалната кампања, заедно со промо видеа, а беше присутен и еден нивен матичен фотограф од Либан кој им ги работи сите кампањи со венчаници последниве 5 години.

makedonecot-badstef-ja-fotografirashe-novata-kampanja-na-elie-saab-mi-beshe-nerealno-shto-rabotam-so-nego-45.jpg

makedonecot-badstef-ja-fotografirashe-novata-kampanja-na-elie-saab-mi-beshe-nerealno-shto-rabotam-so-nego-46.jpg

Но, секако, јас бев единствениот фотограф од Европа и ми беше огромна чест и задоволство, а на моменти ми изгледаше навистина нереално.

Во самиот бекстејџ беше навистина хаос и многу стресно.

Сопругата на Сааб беше насекаде и помагаше максимално. И самиот тој правеше поправки и финални корекции на некои од моделите.

Немаше некакви трачеви или драма, освен тоа што потполно заборавија да ѝ направат шминка и фризура на една моделка од Шпанија, а таа беше многу вознемирена поради тоа“.

makedonecot-badstef-ja-fotografirashe-novata-kampanja-na-elie-saab-mi-beshe-nerealno-shto-rabotam-so-nego-06.jpg

makedonecot-badstef-ja-fotografirashe-novata-kampanja-na-elie-saab-mi-beshe-nerealno-shto-rabotam-so-nego-03.jpg

На ревијата на Сааб беа и актерките Кели Ратерфорд (Лили од Gossip Girl) и Нина Добрев (Елена од Vampire Diaries), а Стефан ги запозна и нив две. Но, зад средбата со Нина има и интересна анегдота.

„Мојот асистент од Швајцарија, кој беше таму конкретно само за тоа снимање со мене, мислеше дека Нина Добрев е всушност Лили Колинс, актерката која ја глуми Емили во Emily in Paris. Бидејќи навистина многу личат, истото го помислив и јас.

Дури на крајот, кога тој се фотографираше со Нина, сфативме дека тоа не е Лили Колинс, а јас само ѝ кажав дека изгледа прекрасно.

Со Кели се поздравивме додека бевме заедно со Оливија Палермо.

Но, мене лично, најинтересен момент ми беше запознавањето со Карин Ротфелд, најпознатиот моден уредник од Франција и личност која котира највисоко во сите модни кругови.

makedonecot-badstef-ja-fotografirashe-novata-kampanja-na-elie-saab-mi-beshe-nerealno-shto-rabotam-so-nego-48.jpg

makedonecot-badstef-ja-fotografirashe-novata-kampanja-na-elie-saab-mi-beshe-nerealno-shto-rabotam-so-nego-49.jpg

makedonecot-badstef-ja-fotografirashe-novata-kampanja-na-elie-saab-mi-beshe-nerealno-shto-rabotam-so-nego-47.jpg

Можам да кажам дека го давам својот максимум што се однесува за мојата кариера, но според моите лични очекувања и амбиции, ова се само 15% од тоа што навистина сакам да го постигнам.

Некогаш преголемите амбиции водат до многу турбулентен и напорен живот со пребрзо темпо, кое ретко кој може да го води, но еве, сè уште пловам и се надевам дека ќе успеам да пловам уште долго.

Голема желба до крајот на годината ми е да ги објавам сите свои досегашни веќе сработени едиторијали кои не се објавени, а се фотографирани во Милано, Белград, Солун, Рим и Париз.

Јас веќе договарам нова кампања со мојот драг соработник Филип Плајн, која треба да се реализира во една далечна земја и на многу интересна дестинација, па едвај чекам да ја споделам со сите кога ќе дојде време за тоа!“

Повеќе фотографии кои Стефан ги направи за брендот Elie Saab:

makedonecot-badstef-ja-fotografirashe-novata-kampanja-na-elie-saab-mi-beshe-nerealno-shto-rabotam-so-nego-08.jpg

makedonecot-badstef-ja-fotografirashe-novata-kampanja-na-elie-saab-mi-beshe-nerealno-shto-rabotam-so-nego-33.jpg

makedonecot-badstef-ja-fotografirashe-novata-kampanja-na-elie-saab-mi-beshe-nerealno-shto-rabotam-so-nego-35.jpg

makedonecot-badstef-ja-fotografirashe-novata-kampanja-na-elie-saab-mi-beshe-nerealno-shto-rabotam-so-nego-44.jpg

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Бев на забавата по повод 17-тиот роденден на Бекстејџ - Скопје пулсираше од убава енергија“ На Скопје му беше потребен настан од овој тип! Со црвен тепих, тематска забава, ...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Сара Мејс и Димитар на летување во Египет со Лазаров и Марта - мажите го учат Кирил да пие пиво (фот... „Кога ќе го оставиш детето на мажите“, напиша Лазаров и покажа како му дава на с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg