Тиктокерот Александар Динев ужива во Барселона со најдобрата другарка - позира со мантил и вратоврска
- Детали
- вторник, 31 декември 2024
Во пресрет на 2025-та, Александар Динев и водителката на G Carpet, Евче, уживаат во Шпанија. Тиктокерот се прошета низ Барселона во впечатлив аутфит.
Тиктокерот Александар Динев и водителката на G Carpet, Ева Јовановска Евче, беa на предновогодишно патување на Малдиви, а сега двајцата во пресрет на 2025-та уживаат во Шпанија.
Динев на ТикТок има повеќе од 320.000 следбеници, а на Инстаграм 36.000 и со нив постојано споделува детали како од секојдневието, така и од патувањата.
Александар Динев се прошета низ Барселона во розова кошула, мантил и вратоврска.
Тој со специфичниот стајлинг позираше кај најпознатите знаменитости во овој град, но со Евче ја посетија и Жирона.