Македонски инфлуенсери уживаат на Малдиви: Александар Динев слави роденден, Евче првпат проба кокос
- Детали
- четврток, 28 ноември 2024
Во пресрет на празниците, кога кај нас почнува новогодишната треска, водителката Ева Јовановска Евче и инфлуенсерот Александар Динев уживаат на топлите Малдиви.
Инфлуенсерот Александар Динев и водителката на G Carpet, Ева Јовановска Евче, се на предновогодишно патување на Малдиви.
Најдобрите пријатели, кои често снимаат заеднички видеа за рекламни кампањи, уживаат во сето она што го нуди популарната локација на туристите.
Па, така, тие беа на нуркање покрај потонат брод, по што Динев се пофали дека го надминал стравот од длабочини и првпат не му било страв.
Тие беа и на „снорклинг“, односно нуркаа покрај гребени со егзотични риби, се сончаа на белите песочни плажи, а Евче откри и дека првпат пробала кокос.
Но, таму Александар го прослави и својот 21-ви роденден. Тој дувна роденденска свеќичка на парче торта, а доби и подарок плишана желка, која е еден од симболите на Малдиви.