Татјана Стојановска, Стефан Лазаров, Александра Шијакоска: Кои познати Македонци направија свадба во 2023?
Откако имаа мала свадбена веселба со најблиските во времето на короната, фудбалерот Дарко Велковски и Тамара Чуприна сега направија голема свадба со сите обичаи.
Тие се венчаа и во црква, а потоа имаа веселба во познат ресторан со многу гости.
На почетокот на јуни, свадба направија и актерите Емра Куртишова и Петар Стојановски. Тие објавија фотографија од свадбата на своите профили на Инстаграм и така открија дека се венчале.
Свадбата ја направија во Гевгелија, од каде што потекнува Петар. Парот во октомври ја доби ќерката Лена.
Мартин Филиповски од „Некст тајм“ направи две свадби со саканата, ракометарката Андреа. Тие прво во нејзиниот роден град Кичево направија црковна церемонија и прославија со најблиските, а неколку дена подоцна направија и голема свадба на отворено во Скопје. Првиот официјален свадбен танц го имаа на дожд.
Инфлуенсерката Александра Шијакоска по 12 години врска се венча со Едмонд Весели. Свадбата ја направија во Битола, и тоа на неговиот роденден (19.07).
И водителот Миро Кацаров направи две свадби. Со саканата Ива се венчаа во матично и црква во Скопје и оттаму заминаа на семеен ручек во Свети Николе.
Брзо потоа тие направија и голема журка во дискотека во Штип со околу 500 гости.
Кристијан Станковски Бомбакис, во јавноста познат и како дечкото со картони, се венча со саканата Вики, а свадбата ја најави во негов стил – со натпис на картон.
Кристијан ја запроси Вики по 6 месеци врска и парот наскоро го очекува своето прво дете.
А. Ј. | Црнобело