Татјана Стојановска, Стефан Лазаров, Александра Шијакоска: Кои познати Македонци направија свадба во 2023?
- Детали
- среда, 20 декември 2023
Во годината што изминува имаше многу свадби меѓу познатите личности. Водителката Татјана Стојановска и нејзиниот сакан Михаил се венчаа по 10 години заеднички живот, Даниел Кајмакоски се ожени вторпат. Кои познати Македонци се венчаа во 2023?
Многу љубов, романтика, фрлени бидермаери, совршени венчаници, бакнежи... Во 2023-та доминираа свадбите меѓу познатите Македонци.
Некои направија по две свадби, a други правеа свадба годинава, оти во времето на короната само се венчаа и не успеаја да се развеселат со сите свои блиски роднини и пријатели.
Знаете ли кои се познатите Македонци кои во 2023-та направија свадба?
Пејачот Даниел Кајмакоски се ожени во јануари и на својот Инстаграм објави неколку фотки од граѓанската церемонијата пред матичар. Тој и сопругата Марина живеат во Белград.
Неколку месеци по венчавката се роди нивниот син Стефан.
На 30 април се венчаа Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски. Еден ден по свадбата Антониа објави неколку фотки во венчаница на својот Инстаграм и откри дека се омажила.
Македонскиот рапер Таско во мај правеше свадба со Наташа. Тие направија црковна венчавка и голема веселба со многу гости. Парот се венча во тајност кон крајот на 2022-ра година и скоро четири месеци криеја дека се во брак.
Брзо по свадбата се роди нивниот син Лукијан.
По повеќе од 10 години заеднички живот, презентерката на вести Татјана Стојановска направи свадба со саканиот Михаил.
Тие се венчаа во кругот на најблиските на отворено, а како дел од свадбената церемонија, пуштија и гулаби кон небото.
Виктор Апостоловски и неговата сакана Милена направија голема свадба во Битола на 17 јуни. Ги истераа скоро сите адети, а Виктор отиде по невестата во црвен олдтајмер.
Првиот свадбен танц, пак, го имаа на песна која тој ја напишал за својата сопруга.
Јутјуберот Стефан Лазаров на 18 јули се ожени со Марта. Тие правеа црковна церемонија, а потоа и голема забава со многу гости. Десет дена пред свадбата, парот се венча во матично.