Македонскиот рапер Таско направи црковна свадба со сопругата и ги објави првите фотки
- Детали
- недела, 14 мај 2023
Минатата година откри дека со саканата во тајност стапиле во брак, а потоа со видео на Инстаграм открија дека ќе станат родители на момче. Сега македонскиот рапер Таско и неговата сопруга Наташа направија и црковна венчавка. Погледнете ги првите фотки.
Фото: Инстаграм - Таско
Таско на својот Инстаграм профил објави фотографии и кратко видео од црковната церемонија на која тој и неговата сакана Наташа стапија во брак.
Сосема ненадејно, Христијан Тасковски, подобро познат како Таско во февруари откри дека наскоро ќе стане татко и дека тој и неговата сакана Наташа ќе добијат син.
Таско е македонски рапер, текстописец, кој минатата година откри дека во тајност се оженил во Матично со неговата сакана Наташа, а сега направиja традиционална црковна венчавка и свадба.
Тој минатата година имаше голем број концерти на кои настапуваше заедно со српските музичари Стефан Ѓуриќ Раста и Маја Беровиќ.
Погледнете повеќе негови фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело