„Најсреќниот ден во нашите животи“: Први фотки од венчавката во Соборниот храм на Стефан Лазаров и Марта
- Детали
- вторник, 18 јули 2023
Со пуштање бели гулаби кон небото, Стефан и Марта го означија крајот на црковната венчавка во Соборниот храм во Скопје. Најпознатиот македонски јутјубер ги објави првите фотки од моментот кога со Марта во црква се заколнаа на вечна љубов.
Најпознатиот македонски јутјубер Стефан Лазаров на почетокот на овој месец (08.07) стапи во брак со неговата сакана Марта.
Досега беа објавени повеќе фотографии од венчавката во матично, но и од прославата во ресторан, а сега за првпат со Марта споделија фотографии и од црковната венчавка.
„Најсреќниот ден во нашите животи“ – стои во описот.
Стефан и Марта стапија во брак во Соборниот архиепискописки храм на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а како што може да се види од фотографиите, по церемонијата тие двајца пуштиле бели гулаби кон небото.
Освен фотографиите од црковната свадба, Лазаров објави и кратко видео од венчавката во матично и од пречекувањето на гостите.
Погледнете го видеото:
Погледнете повеќе фотографии од црковната венчавка:
Б. С. Б. | Црнобело