Како нè воспитуваа родителите на Балканот – Хумористичните видеа на Стефан Николовски ќе ве вратат во детството

„Не ми плачи, не ти се дерам, со убаво ти кажувам да разбереш!“ - ви звучи познато?

kako-ne-vospituvaat-roditelite-na-balkanot-humoristichnite-videa-na-stefan-nikolovski-kje-ve-vratat-vo-detstvoto-01.jpg

Стефан Николовски е млад актер од Велес кој стана ѕвезда на Инстаграм со неговите скечеви инспирирани од нашето секојдневие.

Преку хумористичните видеа, Стефан на забавен начин ги прикажува „маките“ што ни се добро познати на сите Македонци, а некогаш исмејува и некои наши по малку лоши карактеристики.

Во краток серијал од три видеа, насловен „Балканска педагогија“, Стефан се шегува за „тортурата“ што сме ја трпеле скоро сите од нашите родители.

Првото видео е посветено на часовите по возење со татковците.

„Абе не ја гледаш ли дупката бе? Ќорав ли си? Не гледаш ли толкава дупка има ја погоди…

Не бе никогаш нема да научиш кола да возиш, нема џабе е…“, вели Стефан, меѓу другото, во видеото.

Кликнете на Инстаграм објавата за да го изгледате видеото:

Второто видео е инспирирано од стресните часови по математика со татковците.

„Ако пекарот испекол 10 леба, 3 леба купил комшијата, колку му останале на пекарот?

Тебе те прашувам! Не ми плачи, не ти се дерам, со убаво ти кажувам да разбереш…“

Кликнете на Инстаграм објавата за да го изгледате видеото:

И третото видео е инспирирано од час со татковците, овој пат по пливање.

„Шо праиш бе со тоа гумата? Абе вади тоа гумата и мускулите.

Тргај ваму, дојди ваму… Ајде пливај, не ми плачи. Пливај ајде…“

Кликнете на Инстаграм објавата за да го изгледате видеото:

Од коментарите на видеата, е јасно дека сите се пронаоѓаат во видеата и имале исто или слично искуство.

„Трауми од детство“.

„Не ти се дерам со убаво ти кажувам… ах, сеќавања“.

„Познато ми е ’врска немаш‘ и ’никогаш нема да научиш‘“.

Дали и вие се пронајдовте во видеата на Стефан?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сара Мејс и Димитар на летување во Египет со Лазаров и Марта - мажите го учат Кирил да пие пиво (фот... „Кога ќе го оставиш детето на мажите“, напиша Лазаров и покажа како му дава на с...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Стефан од Некст Тајм се вери со саканата: „Рече засекогаш“ Со Инстаграм објава, Стефан Филиповски од дуото Некст Тајм откри дека се верил с...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg