Миро Кацаров и Ивана елегантни на свадбата во Штип - први фотки од венчавката на водителот и неговата сакана
- Детали
- недела, 17 септември 2023
На свадбата Миро носи црно-бела комбинација: бело палто со црни детали, црни панталони и црна вратоврска пеперутка, а Ивана избра елегантна венчаница со долги ракави, длабоко деколте, во форма на сирена.
Водителот Миро Кацаров и неговата сопруга Ивана, вечерва (17.09) прават голема свадбена веселба во дискотека во Штип, откако пред еден месец се венчаа во матично и црква, и прославија со најблиските.
Миро носи црно-бела комбинација: бело палто со црни детали, црни панталони и црна вратоврска пеперутка, а Ивана избра елегантна венчаница со долги ракави, длабоко деколте, во форма на сирена.
На свадбената журка има музичари, актери, политичари, инфлуенсери и многу нивни пријатели. Тука се и Лила Филиповска, Миа Костова, Елена Најдоски, Слаткар (кој пееше прв), Ивона Јо, Мартинијан Кириловски, Бока Конга, Миле Кузмановски, Светлана и Мики Црнокрак, поранешната манекенка Маја Глигоровска и многу други.
Свадбата на Миро и Ивана е замислена како журка со 400 гости, но бидејќи сакаа нивниот најубав ден да има и хумана нота, ги повикаа сите гости наместо да им купуваат цвеќе, да остават донација во кутијата што е поставена на влезот на дискотеката, а тие ќе ги донираат парите за дечиња од ранливи категории.
„Ќе имаме модерна свадба, без традиционалните обичаи, со црвен тепих, ќе пеат 15 наши музички артисти, сите најдобри во својата сфера, најдобри во хип-хопот, најдобри во поп музиката, најдобри во фолк музиката и најдобри во вечерни свирки.
На почетокот од свадбата ќе се емитува мини документарец за мене и за Ивана“, откри неодамна Миро за CRNOBELO.com.
Тој кажа и дека идејата за донациите ја добиле случајно, па затоа решиле да ја стават и на поканата.
„Идејата за поканата, на која е нагласено дека ќе собираме донации, ни дојде случајно. Ивана има дете од првиот брак, го сака многу и знае како со деца и затоа сакаме да помогнеме на дечиња кои имаат потреба од тоа.
Знаеме дека ќе добиеме многу букети и тоа ќе се фрли, а со донација од 500 денари колку за букет, верувам дека ќе собереме убава сума и ќе дадеме барем мал придонес за дечињата од ранливи категории во згрижувачките домови“.
За потсетување, Миро и Ивана направија интимна венчавка во Скопје на 19 август. Тие прво се венчаа во матично, а потоа и во црквата Свети Јован Крстител во Капиштец, по што со најблиските заминаа во Свети Николе, каде што ја направија свадбената веселба.