Миро Кацаров се венча со саканата Ивана, интимна церемонија во црква и матично
- Детали
- сабота, 19 август 2023
На венчавката во црква Ивана носеше бел фустан со една прерамка, додека Миро избра кафеав костум со бела кошула и вратоврска пеперутка.
Водителот Миро Кацаров денес (19.08) направи црковна венчавка со саканата Ивана. Парот вчера (18 август) се венча во матично.
На црковната и на венчавката во матично, со Ивана и Миро беа само најблиските.
На венчавката во црква Ивана носеше бел фустан со една прерамка, додека Миро избра кафеав костум со бела кошула и вратоврска пеперутка.
Претходно, за венчавката во матично, Ивана беше облечена во бело палто, а Миро во фармерки и бела маичка.
Парот планира голема свадбена прослава на 17 септември во дискотека во Штип. Миро за CRNOBELO.com откри дека на свадбата ќе бидат поканети околу 400 гости, ќе има црвен тепих, ќе настапат околу 15 музичари, а самата свадба ќе има хумана нота.
„Идејата за поканата, на која е нагласено дека ќе собираме донации, ни дојде случајно. Ивана има дете од првиот брак, го сака многу и знае како со деца и затоа сакаме да помогнеме на дечиња кои имаат потреба од тоа.
Знаеме дека ќе добиеме многу букети и тоа ќе се фрли, а со донација од 500 денари колку за букет, верувам дека ќе собереме убава сума и ќе дадеме барем мал придонес за дечињата од ранливи категории во згрижувачките домови“, рече тогаш Миро.
Миро и Ивана се свршија на 17 јуни во Рим, кога водителот ѝ подготви изненадување и ја побара за сопруга со виолини во познат италијански ресторан.
Прочитајте и Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме да живееме заедно“
А. Ј. | Црнобело / фото: Приватна архива