Миро Кацаров ја запроси саканата на романтична вечера со виолини во Рим - открива детали за CRNOBELО

„Ивана не знаеше за запросувањето, а се случи на еден од најмодерните и најголеми плоштади во светот, Пантеон. Бевме на вечера во ресторан, кога дојде нашиот познат виолинист Виктор Ангелов, и почна да ни ја свири Sarà Perché ti Amo. Тогаш ја запросив“, открива за CRNOBELO.com водителот Миро Кацаров.

miro-kacarov-ja-zaprosi-sakanata-na-romantichna-vechera-so-violini-vo-rim-otkriva-detali-za-crnobelo-01.jpg

Познатиот водител Мирослав Кацаров во вечниот град Рим ја побара за сопруга својата девојка Ивана.

Тој ја запроси додека беа на романтична вечера во ресторан на плоштадот Пантеон, а нашиот познат виолинист Виктор Ангелов им ја свиреше песната Sarà Perché ti Amo.

miro-kacarov-ja-zaprosi-sakanata-na-romantichna-vechera-so-violini-vo-rim-otkriva-detali-za-crnobelo-03_3.jpg

Кога Миро ја побара Ивана за сопруга, сите во ресторанот почнаа да снимаат и да им аплаудираат.

miro-kacarov-ja-zaprosi-sakanata-na-romantichna-vechera-so-violini-vo-rim-otkriva-detali-za-crnobelo-02_2.jpg

За CRNOBELO.com, Миро раскажа за романтичното запросување, па вели, го избрал Рим за еден од најважните моменти во нивните животи бидејќи тој е вечен град, исто како што е вечна и нивната љубов.

„Вечна љубов, вечен град, затоа го избрав Рим. 

Со Ивана се запознавме случајно, преку заеднички пријател на Инстаграм и љубовта ни кликна на прва.

miro-kacarov-ja-zaprosi-sakanata-na-romantichna-vechera-so-violini-vo-rim-otkriva-detali-za-crnobelo-04_1.jpg

Таа не знаеше за запросувањето, кое се случи на еден од најмодерните и најголеми плоштади во светот, Пантеон.

Бевме на вечера во ресторан, кога дојде нашиот познат виолинист Виктор Ангелов, и почна да ни ја свири песната Sarà Perché ti Amo. Тогаш ја запросив.

Во Рим остануваме до вторник (20 јуни). Спремаме и свадба, која ќе биде на 17 септември и цела естрада ќе биде таму“, ни раскажа водителот.

miro-kacarov-ja-zaprosi-sakanata-na-romantichna-vechera-so-violini-vo-rim-otkriva-detali-za-crnobelo-06_1.jpg

Миро и Ивана, која е одбројкарка од Тетово, не кријат колку се заљубени.

Водителот, кој изминатите години не сакаше да зборува јавно за своите девојки, последниве месеци често објавува фотки со Ивана на Инстаграм и споделува дел од својата приватност со следбениците. 

miro-kacarov-ja-zaprosi-sakanata-na-romantichna-vechera-so-violini-vo-rim-otkriva-detali-za-crnobelo-03_2.jpg

Погледнете го видеото од запросувањето:

Повеќе фотографии од Миро и Ивана на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Инстаграм профилот на Ана од Охрид е како сцена од есенска бајка (фото) „Есента ми е омилена најмногу заради природата, нејзините бои, мирисот на цимет,...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Модната дизајнерка Ивана Кнез го прослави роденденот: „Успех ми е што престанав да пијам кафе и алко... „Престанав да пијам алкохол и кафе, не јадам бел шеќер и бело брашно. Ми остана ...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg