Миро Кацаров открива детали за свадбата за CRNOBELO.com: „Ќе собираме донации за дечиња од ранливи категории, ќе биде журка на деценијата“

„Идејата за поканата, на која е нагласено дека ќе собираме донации, ни дојде случајно. Ивана има дете од првиот брак, го сака многу и знае како со деца и затоа сакаме да помогнеме на дечиња кои имаат потреба од тоа“, вели Миро Кацаров и додава дека на свадбата ќе има повеќе од 400 гости, над 15 музички артисти и црвен тепих.

miro-kacarov-otkriva-detali-za-svadbata-za-crnobelo-com-kje-sobirame-donacii-za-dechinja-od-ranlivi-kategorii-kje-bide-zhurka-na-decenijata-01.jpg

Миро Кацаров на 17-ти септември ќе стапи во брак со својата сакана Ивана во дискотека во Штип.

Свадбата им е замислена како журка со 400 гости, но сакаат нивниот најубав ден да има и хумана нота, па ги повикуваат сите нивни гости наместо цвеќе да остават донација во кутија за дечињата од ранливи категории.

Миро открива детали за свадбата за CRNOBELO.com:

„Свадбата ќе биде како журка во еден од најдобрите кабаре клубови во Македонија, кој се наоѓа во Штип.

Ќе правиме модерна свадба и нема да имаме традиционални обичаи како земање на невестата од дома, буткање на врата и слично.

miro-kacarov-otkriva-detali-za-svadbata-za-crnobelo-com-kje-sobirame-donacii-za-dechinja-od-ranlivi-kategorii-kje-bide-zhurka-na-decenijata-06.jpg

Ќе биде со црвен тепих, со многу гости, со многу богата програма со наши 15 музички артисти, сите најдобри во својата сфера, најдобри во хип-хопот, најдобри во поп музиката, најдобри во фолк музиката и најдобри во вечерни свирки.

miro-kacarov-otkriva-detali-za-svadbata-za-crnobelo-com-kje-sobirame-donacii-za-dechinja-od-ranlivi-kategorii-kje-bide-zhurka-na-decenijata-03.jpg

Ќе има многу пиротехнички материјали, на почетокот од свадбата ќе се емитува мини документарец за мене и за Ивана, а македонски народни песни ќе има само 45 минути, но и тој момент мора да се запази.

Венчаницата на Ивана ќе биде во сирена стил со шлиц и деколте.

miro-kacarov-otkriva-detali-za-svadbata-za-crnobelo-com-kje-sobirame-donacii-za-dechinja-od-ranlivi-kategorii-kje-bide-zhurka-na-decenijata-02.jpg

Поканети се над 400 гости, од кои многу наши познати личности, како музичари, политичари, инфлуенсери и слично и мислам дека свадбата ќе биде една од најдобрите во последната декада, само со Господ напред.

miro-kacarov-otkriva-detali-za-svadbata-za-crnobelo-com-kje-sobirame-donacii-za-dechinja-od-ranlivi-kategorii-kje-bide-zhurka-na-decenijata-05.jpg

Идејата за поканата, на која е нагласено дека ќе собираме донации, ни дојде случајно. Ивана има дете од првиот брак, го сака многу и знае како со деца и затоа сакаме да помогнеме на дечиња кои имаат потреба од тоа.

Знаеме дека ќе добиеме многу букети и тоа ќе се фрли, а со донација од 500 денари колку за букет, верувам дека ќе собереме убава сума и ќе дадеме барем мал придонес за дечињата од ранливи категории во згрижувачките домови“.

miro-kacarov-otkriva-detali-za-svadbata-za-crnobelo-com-kje-sobirame-donacii-za-dechinja-od-ranlivi-kategorii-kje-bide-zhurka-na-decenijata-04.jpg

Прочитајте и Миро Кацаров ја запроси саканата на романтична вечера со виолини во Рим - открива детали за CRNOBELО

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Миа Костова изреволтирана откако дете го удрило со бокс во стомак син ѝ: „Булингот доаѓа од дома“ (в... Миа Костова вели дека нејзиниот син е повторно жртва на булинг - откако пред изв...
Мартин од „Некст тајм“ ќе стане татко, објави фотки од трудничкото стомаче на сопругата Мартин сподели неколку фотографии со сопругата - додека ја бакнува во челото и ф...
Тијана Дапчевиќ: „Тоше беше ангел на земјата, Господ си го зеде за да му пее на небото“ „Во средно Тоше свиреше на кларинет. Еден ден татко ми дошол на натпревар во учи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg