Миа Костова изреволтирана откако дете го удрило со бокс во стомак син ѝ: „Булингот доаѓа од дома“ (видео)

Миа Костова вели дека нејзиниот син е повторно жртва на булинг - откако пред извесно време дете од одделението му рекло: „Ти немаш татко, мајка ти те родила по грешка и морала да те чува“, овој пат на Андрија му удриле бокс во стомак.

mia-kostova-izrevoltirana-otkako-dete-so-boks-go-udrilo-vo-stomak-sin-i-bulingot-doagja-od-doma-video-03.jpg

Инфлуенсерката Миа Костова на својот Инстаграм објави видео во кое откри дека нејзиниот син Андрија бил жртва на булинг.

Ова не се случува првпат, па откако пред извесно време Миа се пожали дека некое дете од класот психички го малтретирало нејзиниот син и му кажувало погрдни работи и навреди, овој пат некое дете физички го нападнало и му удрило бокс во стомак.

Миа вели дека е вознемирена од тоа што се случува и дека булингот, малтретирањето и несоодветното однесување кај децата почнуваат од дома, и од тоа што го гледаат и учат од своите родители.

„Сѐ она што се случува околу Андрија ми ја зема силата. Колку и да стојам на ставот дека треба ‘да вратиш’ во 21 век, сепак сум горда на воспитувањето и на сѐ она што е тој денес.

Булинг е сељачка работа.

Во наше време беше некако оправдан со по некој шамар и лош збор, но никако не беше поддржан со муабети од возрасните“, напиша Миа на Инстаграм.

Во видеото таа раскажа дека пријавила првиот пат кога Андрија бил жртва на булинг, а кога дете од одделението му рекло: „Ти немаш татко, мајка ти те родила по грешка и морала да те чува“.

Иако добила поддршка од сите во училиштето, целата приказна завршила со ветување дека „веќе нема да се повтори“.

Миа не открива дали е повторно во прашање истото дете, но вели дека сега Андрија бил жртва на физичко насилство.

Немилиот настан, опишува таа, се случил на час по физичко, кога некое дете се удрило во Андрија, а потоа му удрило бокс во стомакот.

mia-kostova-izrevoltirana-otkako-dete-so-boks-go-udrilo-vo-stomak-sin-i-bulingot-doagja-od-doma-video-02.jpg

„Кога го прашав Андрија што направи тој, ми рече дека се повлекол бидејќи детето е пониско од него, па му било страв да не го повреди, па ја известил наставничката.

Андрија не е дете што премногу учи, не оди на натпревари, но има воспитување на кое сум прегорда.

И знам дека тој никогаш никого на училиште не само што не би малтретирал, туку не би ни вратил...“, вели Миа, меѓу другото.

Таа доби голема поддршка од нејзините следбеници, особено што во видеото ги охрабрува сите да кренат глас и да се изборат со булингот доколку тие или некој во нивна близина се најде во истата ситуација.

Погледнете го целото видео:

https://www.instagram.com/reel/C3GDsz4MMoP/

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Миа Костова со моќна порака до сите мајки: „Материјалното не го воспитува детето – му требате вие!“ „Нека не ве фрустрира ако немате сè она што го гледате на Инстаграм или на ТикТо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg